• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Бакрачески: Потребни се дополнителни испитувања и анализи во врска изградбата на депонијата во Дебрца

Бакрачески: Потребни се дополнителни испитувања и анализи во врска изградбата на депонијата во Дебрца

Градоначалникот Никола Бакрачески, на средбата од претставниците на Владата, а  во поглед на решавање на прашањето на регионалната депонија за отпад која треба да се гради во Дебрца, побарал и преиспитување на локацијата и дополнителни анализи од страна на стручни лица.

 |   | 

„Наодите од последната физибилите студија и препораките кои што бе упатени до Владата за лоцирање на регионалната депонија во селото Годивје, во Дебрца, коишто за нас како Општина Охрид, претпоставувам и за мештаните на Дебрца во прв момент изгледа не прифатливо. Врз основа на податоците коишто ги даваат службите на Општина Охрид а се базирани врз основа на некои поранешни студии и експертски размислувања се претпоставува сепак дека атарот на село Годивје спаѓа во сливното подрачје на Охридско Езеро кое што е заштитено и природно и културно наследство на УНЕСКО, па така ја наметнавме потребата од дополнителни анализи и согледувања на ваквата одлука која произлегува од физибилити студијата за евентуална промена на таквата одлука“ потенцира Никола Бакрачески Градоначалник -Општина Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top