АТВА Хоум Центар пристигна и во Струга

Post Views: 5 Струга доби нов продажен центар. АТВА Хоум Центар пристигна и во овој град. На простор од 1500 метри квадратни, на три ката можат да се најдат најразновидни производи за домаќинството, инвентар за кујна, градина, дневна соба, постелнина, детски играчки и уште многу други артикли потребни во секојдневниот живот. Ова е прва ваква продавница во Струга, а трета од овој бренд. Ги има во Охрид, Кичево, а сега и во Струга. Овој бренд постои и успешно работи веќе 23 години. Покрај широкиот асортиман Хоум Центар се разликува од останатите продавници по добрата услуга и прифатливите...

Continue reading

Започна едриличарската регата „Охрид 2017“

Post Views: 6 Едрилиците, белиот украс на езерото денес ја разубавија неговата шир. Утрово започна едриличарската регата „Охрид 2017“ во организација на Јахтинг клубот Акватика од Охрид. Ова е прва регата која ја организира овој клуб и на неа учествуваат петнаесет екипажи од Македонија и Србија кои ќе се натпреваруваат во три категории. За прв пат ние организираме ваква едриличарска регата за големи едрилици (минитонци, микротонци и крузери). Се надеваме дека овој настан ќе стане традиционален во Охрид и ќе има повеќе вакви регати, а не само една во текот на летниот период. Временските...

Continue reading

Експлозиите во Кина забележани како земјотреси

Post Views: 0 Експлозиите во кинескиот град Tianjin биле толку силни што инструментите ги забележале како земјотреси. Официјален претставник на кинеската сеизмолошка управа за BBC рекол дека научниците се шокирани со силината на експлозијата. Спрема неговите зборови тресењето на почвата како последица на првата експлозија одговара на детонација од 3 тони TNT, а втората била дури 7 пати посилна, како експлозија на 21 тон на тој експлозив.Спрема експертите, првата експлозија е забележана како потрес со јачина од 2,3 а втората со 2,9 степени. Ударниот бран се почуствувал неколку километри...

Continue reading

„Страст за носталгија “ изложба на охридскиот сликар Сашо Блажес.

Post Views: 8 Охридскиот сликар Сашо Блажес за прв пат ги претстави своите ликовни дела во својот роден град. На самостојната изложба прикажа дваесеттина дела масло на платно. Портретите се работени во последните три години на тема „Страст за носталгија“. Покрај автопoртретот и портретите на негови блиски луѓе од минатото, тука се и портретите на познати музичари и глумци од поранешните Ју простори. „Портрети на личности од моето опкружување, на личности од нашето минато и затоа е насловот Страст за носталгијата која не карактеризира на овие поранешни Ју простори преку музиката и...

Continue reading

doktor

На 1-ви март официјално започнува проектот „Рурален доктор“

Post Views: 3 На 1 март и официјално ќе почне да се спроведува проектот „Рурален доктор“. Проектот е всушност отворање на пунктови со лекар и медицинска сестра кои ќе вршат обиколка и ќе вршат основни прегледи на населението, а еден ден е резервиран за патронажни посети на пациентите во нивниот дом. Пет пунктови се веќе поставени во Крушево, со што во 12 населени места со околу 2.000 жители секоја недела се вршат здравствени прегледи. Вчера министерот за здравство, Никола Тодоров го посети Здравствениот дом во Крушево, каде што се информираше за состојбите и потребите на таа здравствена...

Continue reading

Книгата “Извештаи на рисот“ е нов проект на поетот Славе Ѓорго Димоски и сликарот Сергеј Андреески

Post Views: 2    Збирката поезија „Извештаи на рисот“ е нов коавторски проект на поетот Славе Ѓорго Димоски и сликарот Сергеј Андреески. Двајцата македонски уметници, секој врвен во својата област, во нашето кутурно милје донесоа оригинална и уметничка симбиоза, проект составен од песни на поетот и цртежи на сликарот. Пораката на стихозбирката „Извештаи на рисот“ е содржана во самиот наслов, посочува Славе Ѓорго Димоски, најпреведуваниот и најнаградуваниот македонски поет. „ Има 2 именки кои една на друга си противречат. Едната е извештаи, множина и рисот. Едната има полициска конотација,...

Continue reading

На охридските улици возачите често не даваат предност на брзата помош

Post Views: 6 Честа е појавата на охридските улици возачите на моторни возила да ги игнорираат вклучените ротациони светла и сирени на возилата за брза помош. Лекарите од итната медицинска помош посочуваат дека се соочуваат со непријатни попречувања во ургентната задача која имаат и покрај уредно вклучената сигнализација. „ Најчесто се работи за лица кои истовремено управуваат моторни возила и зборуваат на мобилен телефон. Апелираме секогаш да се даде првенство на возилата на прва помош кога има вклучена ротација или сирена. Утре може да се случи да се работи и за нас и не е во ред...

Continue reading

igralishte

Ракометниот турнир „Струга 2012“ по четириесетти пат

Post Views: 1 Во тек се подоготовките за меѓународниот ракометен турнир „Струга 2012“. На јубилиејното четириесетто издание на турнирот, најавено учеството на ракометни клубови од неколку земји, како и на ракометнатна репрезентација на Обединетите Арапски Емирати. Отвореното ракометно игралиште во Струга, каде се одржува турнирот, годинава ќе претрпи значителни интервенции, објаснува Науме Угреновиќ, претседателот на РК „Струга“ и член на организациониот одбор на турнирот. „Оваа година бидејќи станува за голем јубилеј и организациониот одбор на турнирот, во кој јас учествувам како...

Continue reading

Барокниот оркестар од Грција „Армониа Атенеа“ вечер на програмата на „Охридско лето“

Post Views: 3 На музичкиот репертоар на 57-то издание на фестивалот „Охридско лето“ вечерва е настапот на барокниот оркестар од Грција „Армониа Атенеа“. Диригент на концертот што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 20 часот и 30 минути е Џорџ Петроу, а солисти на вечерта ќе бидат американскиот контратенор Реј Ченез, грчката сопранистка Мирсини Маргарити, како и македонскиот контратенор Игор Дурловски. Оркестарот „Армониа Атенеа е основан во 1991 година од страна на здружението „Пријатели на музиката во Атина и е еден од најактивните европски ансамбли со значајно присуство...

Continue reading

Новите соеви на вирусот не се предизвикани од вакцините

Post Views: 0 Сите научни докази говорат дека новите варијанти најмногу се шират помеѓу невакцинираните. Вирологот Фридеман Вебер од универзитетот „Јустус Либиг“ во Гисен е дециден дека невакцинираните лица се оние кои ја предизвикаат мутацијата на вирусот. Наспроти тврдењето во постот, научно е потврдено дека од вакцините не може да се инфицирате со коронавирусот. Вакцината не содржи никаков жив или активен дел од вирусот SARS-CoV-2. Пост на Фејсбук шири дезинформации дека новите соеви на коронавирусот се предизвикани од вакцините и дека токму најголемиот број на забoлени се вакцинирани...

Continue reading

Кампањата „Секогаш возам одморен“ денес во Охрид

Post Views: 0 Сеуште загрижува црната статистика за бројот на жртвите во сообраќајните несреќи во земјава. Возачите со надеж и намера да стигнат побрзо до саканата дестинација, поаѓаат на пат со недоволно сон, акумулиран замор и со тоа ја доведуваат во опасноста на сите учесници во сообраќајот. Под мотото „Секогаш возам одморен“ денес во Охрид претставници на Министерството за внатрешни работи вршеа редовна контрола на возилата. Стнаува збор за дел од кампањата „Јас внимавам“ иницирана од компанијата ОКТА. „Безбедносната состојба во сообраќајот оваа година не е на завидно ниво или...

Continue reading

Мала заинтересираност за субвенциониран студенски оброк

Post Views: 2 Студентите покажале мала заинтересираност за мерката субвенциониран студентски оброк од предвидениот број на Министерството за образование  и наука. Досега се пријавиле околу 12.800 студенти. Според проценките на ресорното министерство право на оваа финансиска поддршка им следува на околу 40.000 студенти. За оваа финансиска поддршка на студентскиот стандард министерството обезбедило 15 милиони евра. Месечно студентите ќе добиваат околу 2.400 денари. До истекот на рокот за пријавување останува една недела. Од ресорното министерство информираат како тече пријавата на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top