Ракометниот турнир „Струга 2012“ по четириесетти пат

Најавено е присуството на квалитетни ракометни клубови, а покровител на овој меѓународен спортски настан е Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија.

 |  Голабовски Крсте  | 
igralishte
игралиште

Во тек се подоготовките за меѓународниот ракометен турнир „Струга 2012“. На јубилиејното четириесетто издание на турнирот, најавено учеството на ракометни клубови од неколку земји, како и на ракометнатна репрезентација на Обединетите Арапски Емирати. Отвореното ракометно игралиште во Струга, каде се одржува турнирот, годинава ќе претрпи значителни интервенции, објаснува Науме Угреновиќ, претседателот на РК „Струга“ и член на организациониот одбор на турнирот.

igralishte„Оваа година бидејќи станува за голем јубилеј и организациониот одбор на турнирот, во кој јас учествувам како претседател на РК „Струга“ се зафативме со еден голем ангажман за уредување на игралиштето“ вели Угреновиќ.

Ќе се изврши санација на теренот, а веќе се започна со средување на периметарот околу ракометното игралиште. Исто така од неодамна е асфалтиран и пристапниот пат до игралиштето, а веќе се планирани и голем број активности во деновите кои претстојат, кои беа прекинати поради неповолните временски услови, вели Угренович. Тој додава дека терминот во кој се одржува турнирот од 15-18 август е  во екот на туристичка сезона па така покрај љубителите на ракометот, се очекува навистина голема публика. За таа цел, ќе биде санирана северната трибина.

naume ugrenovic„Прво нормално ќе оди уредување на северната трибина има оштетувања нормално бидејќи е отворено игралиште, подложно е надворешни влијанија. Се тоа ќе се санира комплетно и во план е да се направи јужна трибина со 3-4 дела па дури и со ВИП ложа“, објаснува Угреновиќ.

Оваа година своето присуство на турнирот веќе го имаат потврдено, тРК „Металург“ од Скопје, „Динамо Минск“ од Белорусија, репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати, екипата „Данкерк“ која учествуваше во финалето на Купот на куповите, исто така клубот „Бресмешков“од Белорусија, а деновиве треба да се дефинира и присуството на уште една екипа од некоја од земјите од соседството. Во план е да има и дирекни преноси од некои од натпреварите како и од полуфиналните и финалните натпревари. Турнирот има натпреварувачки карактер, а обезбедени се награди за најдобрите екипи, како и за најдобар играч, голман и најдобар млад играч.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top