На 1-ви март официјално започнува проектот „Рурален доктор“

На 1 март и официјално ќе почне да се спроведува проектот „Рурален доктор“.

doktor
доктор

На 1 март и официјално ќе почне да се спроведува проектот „Рурален доктор“. Проектот е всушност отворање на пунктови со лекар и медицинска сестра кои ќе вршат обиколка и ќе вршат основни прегледи на населението, а еден ден е резервиран за патронажни посети на пациентите во нивниот дом.

Никола ТодоровПет пунктови се веќе поставени во Крушево, со што во 12 населени места со околу 2.000 жители секоја недела се вршат здравствени прегледи. Вчера министерот за здравство, Никола Тодоров го посети Здравствениот дом во Крушево, каде што се информираше за состојбите и потребите на таа здравствена установа.

„Проектот се спроведува успешно, а целта е да се опфатат сите населени места каде што нема лекар. Ова е пилот-период за проектот „Рурален доктор” и очекуваме со законските измени официјално да профункционира од 1 март. Во земјава има 1.227 населени места без лекар и овој проект многу ќе им олесни на луѓето да не патуваат за секој преглед“, изјави Тодоров.

Според анализите на Министерството за здравство во 72 општини или во 1.227 населени места 360 илјади жители немаат директен пристап до здравствени услуги од примарно ниво. Преку проектот „Рурален доктор” предвидено е да се формираат 106 тимови составени од доктор и сестра кои ќе бидат распоредени во сите места. Еден тим, лекар и сестра ќе бидат задолжени да одат во повеќе села.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top