На еден од влезовите во населбата Рача по секој обилен дожд се прелеваат шахти со фекална канализација, се жалат рачанци. Нашата камера претпладнево на магистралниот пат Охрид – Свети Наум регистрира барички со вода од кој се ширеше непријатен мирис. Претседателот на Месната заедница Никола Пазаркоски потврдува дека со овој проблем после поголем дожд се засегнати околу 600 жители од оваа населба.
„ Да тоа е на еден од влезовите жителите треба да поминат преку фекалии за да се вклучат на патот за во своите домови. Испаѓа дека тие со чевлите велегуваат со фекалии во своите домови ,…
Охридските пчелари се присутни на Денови на Македонското пчеларство во Битола. Ова е манифестација се оргазнира по 18 пат и е место каде што ќе се сретнат производителите на мед и потрошувачите кои ќеимаат можност да вкусат мед и пчелни производи. Пчеларите се задоволни од годинешните приносите иако очекувале подобра година, вели претседателот на здсруженеито на пчеларите од југозапдниот регион Менде Трајковски. „ Оваа година е некоја просечна. Подобра од лани , лани беше катасрофална. Во одредени региони е подобро некаде полошо, но во просек е просечна во однос на прозиводството. …
Охрид претставува неоткриена ризница на културно богатство. Тоа го потврдуваат добрите познавачи на историјата во Охрид, кои откриваат значајни податоци, интересни и вредни да се слушнат. Како што објаснува Данче Матова, историчар на уметност, под секоја куќа од стариот дел на Охрид, познатиот Варош, има остатоци од античкиот и ранохристијанскиот период, мозаици, споменици и други важни археолошки елементи. Последно кај Манчевци откриена била базилика од 4 век.„Луѓето од стариот дел на градот стравуваат кога ќе градт нови куќи затоа што под нивните темели секогаш се наоѓа некој значаен обје…
Виножито од овошје, роденденска забава без торта туку со банани, јаболка и ананас, овошни салати, се ова беше дел од денешното одбележување на денот на здрава храна. Во градинката „Јасна Ристеска“ се одржа манифестацијата Здрава храна за детство без мана. Дечињата и оваа година преку игра и разни песнички учеа што е здрава храна и зошто таа треба да се јаде. „Затоа се предвидени овие манифестации за да им се долови на децата која храна треба да ја конзумираат, која е здрава храна, а што не треба да се јаде. Многу дечиња имаа одбојност кон некое овошје или зеленчук па на ваков начин тие до…
УЈП воведе нова електронска услуга за граѓаните, интернет плаќање на даноци со безготовинска картичка. Со оваа услуга се заштедува време и се избегнува чекањето на шалтерите. Постапката за електронско плаќање на даноците е бесплатна за граѓаните и не е потребен дигитален сертификат се креира кориснички профил на електронски сервис и електронското плаќање на даноци кое може да се врши на веб страницата етакс.ујп.гов.мк.Доколку сте веќе регистрирани за електронско плаќање на радиодифузна такса а и граѓаните кои се регистрирани за дигитален сертификат, автоматско се овозможува услугата за ел…
Во седум охридски села, Косел, Вапила, Опеница, Завој, Куратица, Ливоишта, Сирула водата микробиолошки и хемиски неупотреблива за пиење и готвење. Агенцијата за храна и ветеринарство издаде забрана за користење на водата во овие села поради отсуство на хлор. Директорот на Центарот за Јавно здравје Атанаско Михаилов, укажува дека тие редовно еднаш во месецот го испитуваат квалитетот на водата во сите МЗ и Анализите ги доставувале до Агенцијата.„Во тие села за кои што е издадена забраната е констатирано дека водата која што се користи од селските водоводи е не хлорирана или во неа има патог…
На 25.12.2021 година во Струга, приведен е Н.И. (70) од Охрид.
Тој, претходно на улицата „Пабло Неруда” во Струга, го нарушил јавниот ред и мир со агресивен однос кон полициски службеник кој, извршувал работи од областа на безбедноста во сообраќајот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Повеќе од 60 охридски семејства од ранливата категорија граѓани денес добија пакет прехрамбени производи и средства за хигиена, во рамки на одбележувањето на светскиот ден за борба против гладта, 16 октомври. Општина Охрид, Црвениот Крст и Лајонс клубот „Десарети“ и оваа година се погрижија на луѓето од оваа категорија граѓани да им обезбедат намирници, потребни за едно четири члено семејство да поминат со нив еден месец. Состојбата во социјалната сфера според бројот на пријавени семејства на кои им е потребна помош не е на задоволително ниво забележува Мимоза Ставрева, секретарот на ОО на …