Нова електронска услуга од УЈП за интернет плаќање даноци

Интернет плаќање на даноци со безготовинска картичка.УЈП воведе нова електронска услуга за граѓаните со што ќе заштедат време и ќе ги избегнат чекањата по шалтерите. Услугата е плаќање на покрај заштеда на време овозможува избегнување на каматите за задоцнето плаќање како и он лајн преглед на даночните долгови за персонален данок, ДДВ и радиодифузна такса.

 |  Лионела Јаковлева  | 

УЈП воведе нова електронска услуга за граѓаните, интернет плаќање на даноци со безготовинска картичка. Со оваа услуга се заштедува време  и се избегнува чекањето на шалтерите. Постапката за електронско плаќање на даноците е бесплатна за граѓаните и не е потребен дигитален сертификат се креира кориснички профил на електронски сервис и електронското плаќање на даноци кое може да се врши на веб страницата етакс.ујп.гов.мк.

Доколку сте веќе регистрирани за електронско плаќање на радиодифузна такса а и граѓаните кои се регистрирани  за дигитален сертификат, автоматско се овозможува услугата за електронско плаќање на персонален данок и на ДДВ, вели Рејна Стефаноска- раководител на УЈП Охрид.

Оваа услуга граѓаните можат да ја вршат он лајн, со Виса картичка, со Маестро и Мастеркард и со дебитна или кредитна картичка.

Електронското плаќање на даноци овозможува во секое време да се изврши увид во евиденцијата на платежни или неплатежни даноци, обврски за персонален данок, радиодифузна такса и данок на ДДВ, вели Стефаноска.

Досега услугата за интернет палѓање на даноци во Македонија ја користат 23 328 даночни обврзници. Сите граѓани кои сакаат повеќе информации можат да се јават во Инфо центарот во УЈП на бр. 0800 33000.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top