Најмалите охриѓанчиња учеа за важноста на свежата и здрава храна

Здрава храна за детство без мана. Во градинката „Јасна Ристеска“ се одржа манифестација за да им се долови на децата која храна треба да ја конзумираат, која е здрава храна, а што не треба да се јаде.

 |  Лионела Јаковлева  | 

Виножито од овошје, роденденска забава без торта туку со банани, јаболка и ананас, овошни салати,  се ова  беше дел од денешното одбележување на денот на здрава храна. Во градинката „Јасна Ристеска“ се одржа манифестацијата Здрава храна за детство без мана. Дечињата и оваа година преку игра и разни песнички учеа што е здрава храна и зошто таа треба да се јаде.

„Затоа се предвидени овие манифестации за да им се долови на децата која храна треба да ја конзумираат, која е здрава храна, а што не треба да се јаде. Многу дечиња имаа одбојност кон некое овошје или зеленчук па на ваков начин тие добиваат желба да го пробаат па можеби и ќе им се допадне.“- вели воспитувачката Билјана Стефаноска.

Децата од најголемата група имаа активности во градината која ја имаат направено во дворот на градинаката и во кој сите производи се органски. Цело лето од таму собирале патлиџани, краставици и друг зеленчук. Дел од децата заедно со своите родители ги посетија маркетите на ТИНЕКС каде пазареа зеленчук и овошје кој децата треба дома да го конзумираат.

„Многу често дечињата кога учиме в градинка за здрава храна потоа одат дома и им велат на своите родители да купат овошје и зеленчук и да направат нешто што ќе е здраво и корисно за јадење. Значи она што го научиле овде го приоменуваат и дома“ вели Стефаноска.

Инаку во градинката Јасна Ристеска многу се води грижа какви се оброците кои ги конзумираат децата. Храната е избалансирана и во неа се застапени сите потребни производи за правилен раст и развој на децата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top