Пчеларите бараат намалување на ДДВ за опремата и олеснување на набавката

Просечна година за пчеларите според добиените приноси мед. Има помалку мед , но со подабар квалитет. Пчеларите ќе поднесат иницијатива за полесно да ја набавуваат опремата и да се намали  ДДВ за пчеларската опрема.

 |  Валентина Неловска  | 

Охридските пчелари се присутни на  Денови  на Македонското   пчеларство  во Битола. Ова е манифестација се оргазнира по 18 пат и е место каде што ќе се сретнат производителите на мед и потрошувачите кои  ќеимаат можност да  вкусат мед и пчелни производи. Пчеларите се задоволни од годинешните приносите иако очекувале подобра година, вели претседателот на здсруженеито на пчеларите од  југозапдниот регион Менде Трајковски.

„ Оваа година е некоја просечна. Подобра од лани , лани беше катасрофална. Во одредени региони е подобро  некаде полошо, но во просек е просечна во однос на прозиводството. Условите се тие. Климатските услови си го прават своето ние не можеме ништо да промениме“, вели Трајковски.
Македонските пчелари поднесле  иницијатива до Министерството за земјоделие во насока на подобрување на условите за пчеларење, посочува Трајковски. На 26 октомври ќе имаат средба со министерот за земјоделство и со Агенцијата за храна и ветеринарство. Таму ќе дискутираат на неколку теми. Помеѓу нив се инспекциската контрола на квалитетот на медот и намалување на ДДВ за пчеларската опрема од 18 на 5 проценти како и останатат земјоделска механизација, а ќе се бара и олеснување на набавката на опрема, кажува Трајковски.

„ Набавката на пчеларската опрема да оди преку националната програма за рурален развој или со Ипард. Пчеларите преку националната програма полесно да се снабдуваат во државата со према, а не да одиме во странство и да се изложуваме на царински контроли и други проблеми“, кажува Трајковски.

30-тина пчелари  имаа можност да посетат и едукативни предавања од областа на пчеларството од стручни лица од соседна Србија. Во Македонија има 33 регистрирани здруженија на пчелари, а околу 6000 семејства се бават со пчеларење.

{loadposition content9}
 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top