По секој обилен дожд кај Рача се излева фекална каналзиација

По секој обилен дожд на магистралниот пат Охрид -Свети Наум се излева фекална каналзиација. За жителите од Рача тоа е сериозен проблем затоа што од патот до  своите домови треба да поминат преку фекалии. Од ЈП Нискоградба уверуваат дека ќе испратат дежурна екипа уште во текот на денот да ја утврди причината за излевањето на фекалните води.  

 |  Валентина Неловска  | 

На еден  од влезовите во населбата Рача по секој обилен дожд се прелеваат шахти со  фекална канализација, се жалат рачанци. Нашата  камера претпладнево  на магистралниот пат Охрид – Свети Наум регистрира барички со вода од кој се ширеше непријатен мирис. Претседателот  на Месната заедница Никола Пазаркоски  потврдува дека со овој проблем после поголем дожд  се засегнати околу 600 жители  од оваа населба.

„ Да тоа е на еден  од влезовите жителите треба да поминат преку фекалии за да се вклучат на патот за во своите домови.  Испаѓа дека тие со чевлите велегуваат со фекалии во своите домови , вели Пазаркоски.

Поставувањето на канализационен систем во Рача  е завршен пред 5 години појаснува Пазаркоски. Претходно имавме проблем со септичките јами тој проблем се реши , а сега канализацијата не може да ја прими целата вода, додава претседателот на месната  заедница Рача. Официјано не побарале барање да се реши проблемот до Нискоградба и Одделението за комунален развој и сообраќај , но неофициајно воделе разговори со екипи од нискоградба за решавање на проблемот. Жителите плаќаат давачка за одведување на атмосферската вода,  а таква услуга не користат, вели Пазаркоски.

„Плаќаме по 60 денари секоја куќа, а во Рача нема шахти за атмосферска вода за дождовна вода, а ние плаќаме 60 денари“, кажува Пазаркоски.

Зошто прелеваат шахтите пред Рача беше нашето прашање упатено до  фондот за комунални дејности.  Портпаролот  Љупчо Танески  информира дека ЈП Нискоградба уште во текот на денешниот ден ќе упати дежурна екипа за да ги утврди причините за проблмот по што ќе пристапат кон негово санирање.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top