Околу 500 студенти од ФТУ во 2017 година ќе посетуваат практична настава во хотелите и туристичките агенции, во Охрид. Денес претставници од туристичката фела во просториите на факултетот одржаа состанок за практичната работа на студентите, а исто така потпишаа и договор околу условите под кои ќе се изведува истата. Деканот на факултетот проф. Цветко Андреески истакна дека за наредната година имаат нови идеи кои според него ќе внесат нов квалитет во начинот на изведување на пракса и за хотелиерите и за студентите.
„Идејата е хотелиерите да имаат повеќе студенти во летниот период кога е …
Внатрешната пловидба, тема на денешната прес конференција на кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, Љубен Арнаудов. Тој наведе дел од проектите содржани во програмата Реално а кои се директно поврзани со Охрид: Брод за чистење на езерското дно, одржување на пловни патишта, поставување сигнализација на пловни патишта за Охридското Езеро, Преспанското Езеро и Дојранското Езеро, мобилни пловила за инспекторската служба при капетанија – Охрид со цел зголемена безбедност на езерскиот сообраќај, санација на неколку пристаништа и платформи по езе…
Во охридското здравство ќе бидат инвестирани три милиони евра за нова медицинска опрема. Тоа е предвидено во програмата „Реално“ на ВМРО – ДПМНЕ, како што најави денес од пред Општа болница Охрид, носителот на листата за пратеници во 5та изборна единица, Антонио Милошоски. Тој најави целосна обнова и реконструкција на Клиничката болница во Битола, целосна обнова и реконструкција на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, завршна фаза на реконструкција на Центарот за кардиоваскуларни болести во Охрид, како и завршна фаза реконструкција и опремување на …
Нема нова современа автобуска станица, нема затворен базен за пливање, нема модерно градско пристаниште, нема покриен современ зелен пазар, нема дом за стари лица, нема индустриска развојна зона, нема ниту една катна гаража, ниту еден нов водоводен систем, ниту една нова пречистителна станица, нема скијачки центар на Галичица, нема експресен пат до Пештани и Св. Наум, го нема туристичкиот комплекс на Субрата Рој, ги нема луксузните хотели… од тоа што го ветија ништо не рализираа, па затоа сега сето тоа го ветуваат повторно, по трет пат, како нови проекти, обвини денес на прес конференција…
Синоќа на улицата „15-ти Корпус“, во близина на бензинската пумпа „Навис“ се случи тешка сообраќајна незгода. Од СВР информираат дека во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 62- годишен охриѓанец на кого налетало патничко моторно возило марка „Рено Еспејс“ со охридски регистарски ознаки кое по улицата се движело од правец на селото Лескоец кон улицата „Железничка“.На местото на сообраќајната незгода, по овластување на Јавен обвинител, увид извршија полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид како и овластени судски вештаци.Основната причина за соо…
Откако започна Изборната кампања, секојдневно партиите и коалициите заострувајќи ја реториката кон политичките противници ги продлабочуваат стравот и омразата кај народот.
Секојдневно мафтаат со некакви напишани програми, кој со сини, кој со црвени корици, а освен промена на бојата не слушаме ништо ново. Како мислат да ги исполнат сите свои ветувања со нарушени меѓучовечки односи?, кажа на денешната прес конференција , кандидатот за пратеник од Коалицијата ВМРО за Македонија, Валдимир Каневчев.
„Како значаен дел од новата Влада на Република Македонија (секако дека ниту можеме, ниту пак са…
Во Охрид, во последните 24 часа се регистрирани 20 нови случаи на ковид 19, стои во денешниот извештај на Министерството за здравство, според податоците од Институтот за јавно здравје.
На Инфективното одделение во охридската Општа болница на лекување се наоѓаат 14 пациенти со ковид 19. Од нив 10-мина се на кислородна поддршка, информира директорот на болницата д-р Горан Балевски. Засега, нема потреба од отворање на модуларната болница, а на инфективното и интерното одделение има и стотина прегледи во текот на денот.
Во Охрид во изминатите 24 часа регистрирани сe 38 оздравени лица. Од…
МЕПСО потврди дека постоечки водови кои се во функција повеќе од 50 години во Охридскиот регион, ќе бидат заменети со нови.
Меѓу најзначајните проекти на кои ќе се работи во блиска иднина е изградбата на нов 400 kV далекувод што ќе ги поврзува електропреносните системи на Република Македонија и на Република Албанија и изградба на нова 400/110 kV трансформаторска станица во Охрид.
Овој проект вклучува изградба на неколку нови 110 kV далекуводи кои ќе заменат постоечки водови, модернизација на примарна и секундарна високонапонска опрема низ повеќе трансформаторски станици и автоматизација н…