Децата во основните училишта во Општина Дебрца деновиве создаваат мали уметнички дела. На работилници кои ги држи уметникот Тони Попов од Охрид ги запознаваат сликарските техники и материјали и ја изразуваат својата креативност. Попов на овој начин преку својот најнов проект „Маргини“ продолжува со својата мисија да ја доближи уметноста до луѓето, пред се децата, посебно до оние на кои таа им е најчесто недостапна. „Маргини“ го спроведува Здружението за развој на културно-уметнички вредности„Тактус“ од Охрид во соработка со Општина Дебрца и финансиската поддршка од норвешка организација.
…
Секојдневното зголемување на цените на нафтените деривати ги принуди охридските превозници во јавниот транспорт да бараат зголемување на цената на превозот. Превозниците и такси компаниите за да можат да функционираат бараат од Градскиот совет покачување на цената на билетите во општинскиот линиски превоз и стартната цена на такси превозот.
Во линискиот превоз имаше зголемување на цената пред околу еден месец. Цената на билетот беше покачена за 10 денари, а по вчерашниот пораст на горивата превозниците бараат од Советот на град Охрид ново поскапување на билетите за уште 10 денари.
Дирек…
Екипите на ЈП „Комуналец“ секојдневно водат битка со справувањето со дивите депонии во охридскиот регион.
Изминативе неколку месеци отстранети се околу 170 нестандардни депонии во Охрид и охридските села, а подигнати се околу 600 м3 отпад. Во вчерашната акција од водите на реката Грашница беше изваден мебел и покуќнина. Загрижува тоа што на веќе исчистените црни еколошки точки несовесните граѓани повторно трупаат отпад.
Зачестена е таквата појава, денес чистиме другиот ден повторно се прави депонија на истите критични точки кои се мапирани. Во соработка со општинскиот комунален инспекто…
Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека од денеска е забранет извозот на пченица, јачмен, пченка, пченично брашно, семе од сончоглед и сончогледови масла. Одлуката за забрана ја донесе Владата и ќе трае во наредните десет дена, а нејзината цел, како што напомена Бектеши, е да се избегнат шпекулативни дејства на трговците и производителите, заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните.
Одлуката се носи превентивно за да не настанат поголеми нарушувања на пазарот. Целта на мерката е заштита на домашниот пазар и на граѓаните. Во услови на постпандемија, ко…
Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека од понеделник цените на нафтените деривати ќе се намалат.
Може да биде малку поскапо од Србија, од другите не верувам дека е поскап и дизелот. Денеска во Собрание најверојатно би требало да се усвои законот за ДДВ и законот за акцизи, а имајќи ги предвид и вчерашните цени на берзата и цената пред два дена, очекувам согласно анализите од утре, а многу е важно да се наведе дека веќе од понеделник ќе имаме не поевтини цени од регионот, но значително поевтини цени – истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања.
Во врска со амандма…
Екипа од одделението за фекално и атмосферско одржување во рамките на своите активности врши проверка и чистење на шахтите на ул. „Богомилска“.
Апелираме до граѓаните да внимаваат на начинот и видот на отпадот кој го депонираат. Посебно апелираме да не се фрлаат влажни марамчиња и други женски хигиенски производи од кои во најголем број на случаи се појавуваат дефекти – велат од ЈП „Нискоградба“.
За надминување на проблемите кои граѓаните на општина Охрид ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад, ЈП „Охридски Комуналец” изготви годишен календар на акциите за подигање ваков вид отпад, опфаќајќи ја секоја урбана заедница во градот.
Се надеваме дека граѓаните ќе ги препознаат нашите заложби за чиста и здрава средина која не опкружува, без отпад одложен покрај садовите за одложување на комунален отпад и ќе се придржуваат до горе дефинираната динамика на акциите – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Нуркачи од Нуркачкиот центар „Акватек” од Охрид спроведоа уште една активност за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад.
Со порака „Стоп за пластика. Чиста околина” тие чистеа на дното на езерото на потегот кај Стариот дел на Охрид, отстранувајќи пластика од амбалажа за една употреба.
Ќе го исчистиме езерово само под услов да престанеме да користиме пластика за еднократна употреба. Се друго е вртење во круг, а повеќе време немаме за вртење крукчиња другари и другарки – велат од „Акватек”.
Изминатата година нуркачкиот клуб „Акватек” спроведе повеќе акции за чистење на е…