Фев 10, 2022

Рамстор не се грижи за впечатокот што го остава

Во врска со содржината со наслов „До кога Рамстор ќе ги узурпира тротоарите пред објектите?“, објавена на нашиот портал tvm.mk во рубриката „Ти си твојот град“ која ја креираат граѓаните, до нашиот медиум стигна демант од фирмата МИБ Конструкција ДОО Охрид. Тие демантираат дека се узурпирани тротоарите и јавната површина, како што беше наведено во текстот кој ни го испрати наш сограѓанин заедно со видеото и сликите. ДО КОГА „РАМСТОР“ ЌЕ ГИ УЗУРПИРА ТРОТОАРИТЕ ПРЕД ОБЈЕКТИТЕ?! Во демантот, меѓу другото, велат дека се работи за простор кој е во склоп на деловниот простор кој друштвото МИ…

Дек 23, 2021

Хумани охриѓани ќе исполнат посебни новогодишни детски желби меѓу кои и велосипед

Во Охрид се прават бројни хумани акции за да има насмевка на секое детско лице. Новогодишните и Божиќните празници се време за дарување и исполнување на новогодишни желби. Во тој дух разнобојни пакетчиња, украсени со црвени панделки чекаат да израдуваат 60-тина дечиња кои оставија лампиони со нивните желби на „Волшебната елка“ од Црвен крст. Лампионите со новогодишни желби беа реализирани за само неколку дена. Охриѓани несебично ги исполнија специфичните детски желби од семејствата во социјален ризик и од здружението „Тајните на моето срце“. На овој начин децата ќе се почуствуваат специјалн…

Фев 21, 2022

Оглас за поставување на тезги за продажба на украси и цвеќе

По повод празникот 8-ми Март, ЈП Градски Пазар Охрид, издава под закуп тезги за продажба на украси и цвеќе на плоштадот Крушевска Република (кај Стариот чинар) за период од 01.03.2022 до 09.03.2022. Дополнителни информации можат да се добијат во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид на Бул. Туристичка бр.79.  Лицата заинтересирани за изнајмување на тезгите да се пријават во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид. Огласот трае до 28.02.2022 година – информираат од ЈП Градски Пазар.

Фев 10, 2022

Успешен старт на најпрестижниот туристички саем во Истанбул

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот заедно со туристичкиот сектор по две години пауза се дел од најголемата интернационална саемска манифестација во Истанбул, Турција. За туристичкиот саем “ЕМИТТ” оваа година е јубилејна, одбележува 25 години постоење и истиот се одржува од 9-ти до 12-ти февруари 2022 година. Оваа година АППТ го претставува туристичкиот потенцијал на “ЕМИТТ” заедно со пет учесници, коегзиботорите Фибула Травел, Генерал Турист, Бадем Тур, ДМЦ Балканс, Радика ресорт, на 40м2 штанд. Во фокусот на саемската туристичка промоција се традицијата, гастрономијата и турис…

Дек 23, 2021

НОВА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА САНИРАЊЕ НА ОШТЕТЕНИТЕ ДЕЛОВИ ОД КОЛОВОЗИТЕ

Оштетените делови на асфалтот, од денес, се третираат со нова технологија. Станува збор за методот на третман на оштетените асфалтни површини со „Plastasphalt“. Со овој принцип се врши санирање на оштетените делови на асфалтот, а служи и како превенција од понатамошно проширување на оштетувањата. Позитивното за овој метод е што може да се користи и на ниски температури, за разлика од класичниот асфалт каде се потребни посебни временски услови за аплицирање. Времето за сушење на „Plastasphaltot“ е дваесетина минути по што може да се вози по него. Одлика на овој метод е долготрајност на са…

Фев 21, 2022

Групата „Лев Тахор“ се сместија во Лакочереј

Припадници на еврејската група Лев Тахор станаа несакани гости веднаш по нивното пристигнување во Куманово, по што властите кои уверуваа дека се со исправна документација ги префрли во Скопје, каде многу сопственици на хотели одбиваа да ги примат, но сепак останаа неколку денови, за сега истата оваа група да биде донесена во Охрид, поточно да бидат сместени во хотел во Лакочереј, објави порталот News1. Жителите на ова охридско село веднаш штом ги виделе, велат оваа група треба да си замине од селото. Тие веќе се организираат да протестираат. „Интересно е зошто оваа група се сместува во …

Фев 10, 2022

Охриѓанец нападнал вработен во казино, а потоа и полициски службеници

На 10.02.2022 година во 01:10 часот во близина на казино лоцирано на улицата „Абас Емин” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Д.А. (29) од Охрид. Тој го нарушил јавниот ред и мир со вербална расправија кон вработен задолжен за обезбедување на објектот, а потоа и со агресивно однесување кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодетна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Дек 23, 2021

Градоначалникот Пецаков на средба со претставници на фудбалските школи

ЈП “Билјанини Извори” денес реализираше работна средба со сите фудбалски школи кои користат услуги на СРЦ “Билјанини Извори”. Состанокот со фудбалските школи се реализира на иницијатива на јавното претпијатие и на истиот присуствуваше и Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков. На состанокот се разговараше околу досегашната соработка со фудбалските школи, како и околу идните планови и приоритети за заедничко делување. Спортот и спортските клубови, школи, се висок приоритет во тековното работење на претпријатието и Градоначалникот Пецаков, така што и во иднина ваквиот начин на комуникаци…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top