Мар 8, 2022

ВМРО ДПМНЕ ОК Охрид со честитка за 8-ми март

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки до припадничките на понежниот пол по повод 8-ми март – Меѓународниот ден на жената. Вистинската смисла и коспомолитската цел на овој ден се жените да бидат рамноправен дел во функционирањето на системот каде што ќе владеат мирот и благосостојбата. На Охрид му требаат силни жени вклучени во секоја сфера, жени кои живеат храбро, препознаени и сакани во својата битка за посветла иднина на градот. Силни жени за успешен Охрид, за силна Македонија. Среќен 8-ми март! – се вели во честитката на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид. А по повод празникот 8-ми март, У…

Мар 8, 2022

Честитка за 8-ми март од ОО СДСМ Охрид

Честитка по повод Меѓународниот ден на жената 8-ми март од Општинската организација на СДСМ од Охрид. Во честитката се вели :  Драги наши охриѓани, 8 Март е симбол на нашата ВЕКОВНА СЕКОЈДНЕВНА борба за родова еднаквост. Родовата рамноправност е прикажана во најразлични форми и активности во нашето живеење и делување но да се потрудиме тоа да го видат и тие за кои сеуште таа останува невидлива и табу тема. Жената мајка, сопруга, баба, тетка, жената лекарка, професорка, директорка, пратеничка, жената работничка, земјоделка, домаќинка ЗАСЛУЖУВА ДА БИДЕ ЕДНАКВО ВРЕДНУВАНА и во семејствот…

Мар 8, 2022

Вооружени лица ограбиле банка во Скопје

Денеска напладне од експозитура на банка во центарот на Скопје вооружени лица одзеле пари од вработените, а едно од лицата отворило и оган, информираат од МВР за „360 степени“. На 08.03.2022 во 12:35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одзеле пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум – велат од МВР. Оттаму додаваат дека нема повредени лица во инцидентот и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, а повеќе информации најавуваа…

Мар 8, 2022

Не стивнува изградбата на дивоградби во НП Галичица

Изградбата на дивоградби продолжува во Националниот Парк „Галичица“, а надлежните институции толерантни кон бесправните градби изградени во Националниот парк. Бесправно се градело во најатрактивните делови на крајбрежјето како што се населбите Трпејца, Пештани, Велестово, Коњско, Рамне и Љубаништа. Се граделе нелегални објекти во зоната за одржливо користење, но и во строго заштитената зона на паркот. Од НП Галичица напоменуваат дека се градело и на узурпирано државно земјиште. Оваа национална установа пријавила дванаесет дивоградби во 2021 година и во двата месеци од оваа година. Нелег…

Мар 8, 2022

Стартап Викенд во Охрид

Од 15-ти до 17-ти април ќе се одржи првото издание на Стартап Викенд Охрид во просториите на универзитетот „Св. Апостол Павле“. Стартап Викенд Охрид е настан наменет за сите млади ентузијасти кои имаат бизнис идеја или проект, но им е потребен тим, ресурси или менторска поддршка за реализирање на истиот. По успешна реализација на 10 изданија на Стартап Викенд Скопје, тимот кој стои позади Стартап Македонија, поддржан од тимот на Стартап Викенд Скопје и голем број на стратап основачи и стартап ентузијасти ќе го организираат првиот стартап викенд во Охрид со цел да се даде можност за вмреж…

Мар 8, 2022

Свикана деветтата седница на Советот на Општина Охрид

Свикана деветтата седница на Советот на Општина Охрид на ден 15.03.2022 година (среда) со почеток во 11:00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид. Д Н Е В Е Н   Р Е Д Усвојување на Записникот од 6-та седница Предлог-одлука за формирање Совет за заштита на потрошувачите. Предлог-одлука за донесување Правилник за критериумите и постапка за доделување еднократна парична помош на физички лица. Предлог-одлука за давање согласност на Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на општина Охрид за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина…

Мар 8, 2022

Конкурс за бесплатни курсеви

Градоначалникот на Општина Охрид објавува конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви. Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување, Општина Охрид согласно Годишната програма на одделението за локален економски развој за 2022 година, во која се предвидени: “Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд”, распишува конкурс за спроведување на бесплатни курсеви за:  сметководство;  дактилографија на компјутер;  курс за ЦНЦ машини;  основен курс за компјутери;  officeканце…

Мар 8, 2022

„Макпетрол”: Снабдувањето со горива ќе се нормализира во следните денови

Состојбите на глобалните нафтени пазари се менуваат секојдневно, цените постојано се зголемуваат, а како резултат на тоа, снабдувачите се соочуваат со проблеми при навремената достава на горива до своите партнери. Побарувачката на горива во земјава изминативе денови е енормно зголемена, а меѓу главните причини за тоа се шпекулациите и гласините во јавноста дека ќе има недостаток, како и цените на светските берзи. Дополнително, снабдувањето беше отежнато затоа што нашиот дистрибутер „Окта” во недела не работи. Исто така и во Грција, од каде што се набавува горивото, недела е неработен ден…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top