Фев 19, 2022

Охриѓанец нападнал велгоштанец на ул. Кузман Јосифоски Питу во Охрид

На 18.02.2022 година околу 11 часот, на улицата „Кузман Јосифоски Питу” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.С.38) од Охрид врз В.Ѓ.(37), од Велгошти. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Дек 22, 2021

ЈАВНАТА УСТАНОВА НАЦИОНАЛЕН ПАРК ГАЛИЧИЦА ВАЖЕН ДЕЛ ОД ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ОХРИД

Градоначалникот Кирил Пецаков, беше во посета на ЈУ „Национален парк Галичица“. На средбата, вработените го информираа за начинот на функционирање на институцијата, како и за тековните активности. Дискутирани беа можностите за подготвување на заеднички апликации во ЕУ фондовите и соработка во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО и заштитата на Националниот парк. Градоначалникот изрази подготвеност за целосно вклучување во сите процеси кои се однесуваат на градот.

матичен доктор
Фев 18, 2022
Здравство

Матичните лекари од Охрид се приклучуваат кон барањата на еснафот

Охридските лекари од примарното здрвство се приклучуваат кон протестите на еснафот во државата. Доктор Љупчо Костоски, претседателот на приватните матични лекари од Охрид напомeнува дека неговите колеги ќе работат со итните пациенти.  Нашата хумана професија не ни дозволува да запреме со работа, но тоа не значи дека не треба да се почне процесот за решавање на проблемите во примарото здравство – изјави за ТВМ д-р Костоски. Здравствените власти треба да го слушнат гласот на матичните лекари и да го спречат затворањето на амбулантите, бараат македонските лекари од примарното здр…

Фев 9, 2022

ГРК Охрид во сабота ќе ја пречека екипата на Тинекс Пролет

„Гладијаторите“ ќе ја пречекаат екипата на „Тинекс Пролет“ на домашен терен оваа сабота, 12-ти февруари во рамките на 20-тото коло во Супер лигата. Натпреварот е со почеток од 18 часот, а ќе се одигра во Спортската сала „Билјанини извори“. Влезот за сите љубители на спортот и ракометот е слободен.

Дек 22, 2021

НЕПРАВИЛНОСТИ ВО РАБОТЕЊЕТО НА ДЕЛ ОД ДИРЕКТОРИТЕ ВО ОХРИДСКИТЕ УЧИЛИШТА

Во насока на транспарентно и отчетно работење, Секретарот на општина Охрид, Александар Китески на денешната средба со новинарите информира дека дел од директорите во охридските училишта именувани од претходната локална власт иако имаат сериозни претставки во своето работење не сакаат да ги напуштат раководните позиции. Градоначалникот Кирил Пецаков, ниту замислува партизација на образовните институции ниту тоа му е предизвик. Но, од друга страна не можеме да дозволиме овие значајни институции да ги предводат луѓе за кои имаме сериозни индиции дека во определени случаи сериозно го прекрши…

Фев 9, 2022

Донирано огревно дрво на семејство кое живее во субстандардни услови

По објавената сторија на социјалните мрежи за малата Наташа и нејзината мајка, водени од определбата за хуманост и грижата за секој поединец во нашето опкружување, ЈП „Охридски Комуналец“ донираше огревно дрво на ова семејство. Се надеваме дека оваа наша скромна помош ќе му помогне на ова семејство на кое за жал животот не им е благонаклонет. Живеат во субстандарни услови, во тешка материјална состојба, со тешки здравствени проблеми и во секојдневна борба со основните егзистенцијални потреби – велат од ЈП „Охридски Комуналец“. Огревното дрво е обезбедено од дрвјата кои беа отстранет…

Дек 22, 2021

Најголем интерес за новогодишни аранжмани на брегот на Охридското езеро има од соседството

Новогодишните празници влеваат малку оптимизам во туристичкиот сектор. И покрај притисокот на пандемијата има интерес кај граѓаните за патување и прослави. Според тур операторите најмногу интерес за новогодишни аранжмани на брегот на Охридското езеро има од соседството Албанија, Косово, Црна Гора и Србија, кои традиционално се редовни во овој период од годината. За разлика од минатото пред пандемијата кога се бараше место повеќе, според ХОТАМ сега само 30% од хотелските капацитети се букирани. Се надевам дека туристичките барања и резервации за Балканот ќе се зголемат дека ќе почнеме да …

Фев 9, 2022

Нови наслови во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

Овој пат во понудата на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид  се познати автори и книги, меѓу кои има и книга од македонски автор. “Бронзениот коњаник” од Паулина Сајмонс во издание на издавачката куќа Сакам Книги е во два дела; првиот дел од серијалот е со наслов “Ленинград”, а насловот на втората книга е “ Златната порта”. Неповторлива приказна за љубовта, војната и Русија. Ленинград, 1941 година. Проѕирниот самрак на белите ноќи и понатаму го чува златниот сјај на раскошот од минатите денови. Величествените споменици на царскиот град со славно минато гордо му пркосат на општото сивило…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top