Апр 9, 2019

„Jazz Inn“ слави триесет години постоење

По повод јубилејот ќе се одржи концерт на Christina Diaz Trio, во петок, 12-ти април, со почеток 22:00 часот. Christina Diaz е Латино-американска пијанистка, иако по потекло од Бразил и Венецуела, пораснала во Доминиканска Република, каде што ја започнува музичката кариера со класично пијано. Откривајќи ја пасијата кон џезот, се сели во Порторико, каде студира џез и латино музика на Музичкиот Конзерваториум. Во четирите години поминати на конзерваториумот успева да се сретне и соработува со големи музички имиња како Eddie Gomez, Miguel Zenon, David Sanchez. По завршувањето на студиите се …

Апр 9, 2019

Спортски ден за активните вработени во Општина Охрид

ЈП Билјанини Извори за активните вработени во Општина Охрид и Јавните претпријатија организира Спортски ден во петок од 10 до 14 часот. Спортското дружење и поттикнувањето за практикување на спорт и рекреацијакај вработените секогаш позитивно делуваат во насока на подобрувањето на комуникацијата, тимската работа, мотивацијата и продуктивноста а со тоа и целокупната работна атмосфера во самите претпријатија и општините. Водејќи се со таа цел ние како претпријатие ги покануваме сите вработени и мажи и жени од јавните претпријатија од Охрид и општината Охрид да се приклучат и да бидат дел од…

Окт 2, 2021

Претставата „Дух“ вечерва премиерно пред охриѓани

Претставата „Дух“ вечерва премиерно ќе биде изведена на сцената на охридскиот народен театар. Автор на текстот е Дејан Дукоски, а режијата е на Сашо Миленкоски. Во претставата играат актерите од охридскиот театар, како и актерите Верица Недеска од Чешка и Јовица Михајлоски од Драмски театар Скопје. Дел од претставата е и градскиот хор под диригентската палка на Бурим Хидри. Режисерот Миленкоски напоменува дека претставата по израз не се бави со реализам, туку фокусот на интерес е сегашното време кое е излезено од нормалниот колосек. Претставата е всушност, како на еден обичен човек, на г…

Апр 8, 2019

Петкоска : СДСМ на локално и централно ниво ги препишува проектите од ВМРО ДПМНЕ

СДСМ пред граѓаните и хотелеирите гордо се фалат со мерките и идеите препишани од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, обвинија денеска на прес конференција од општинскиот комитет на партијата. Лидија Петкоска, градски советник и претседателка на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ јавно праша како Премиерот дошол до бројката од 1 милион туристи со 3 милиони ноќевања остварени минатата година.  „Нели сте свесни дека граѓаните знаат кој ја воведе и спроведе мерката за субвенционирање на странскиот организиран туристички промет? Георгиески да одговори кој напорно ги промовираше Охрид и Македонија на меѓународнит…

Апр 8, 2019

Милошевски: Визија за квалитетно, просперитетно и модерно образование

Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски, денешната прес конференција ја започна со упатување честитка до припадниците на ромската заедница по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.Силата на нашиот град потекнува од нашите различности. Развојот на различностите е доказ за слободоумието и инклузивната култура како белег на Охрид, кажа Милошевски. Тој најави Проект за реконструкција или доуредување на градинки, основни и средни училишта  со цел обезбедување квалитетна настава и креирање можности за унапредување на воспитно-образовниот процес.„На мое огромно задоволств…

Апр 8, 2019

„ПРВИН ЌЕ МЕ ЗЕМЕШ, ПОСЛЕ ЌЕ МЕ … ” пред охридската публика

Претставата  „ПРВИН ЌЕ МЕ ЗЕМЕШ, ПОСЛЕ ЌЕ МЕ … ” во режија на Ѓорѓи Ризески ќе гостува во Охрид,  во среда,  на сцената на охридскиот театар. Станува збор за независен проект,  во продукција на „ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА” од Скопје  кој трета сезона се изведува пред преполни салони на сцената на „ТЕАТАР КОМЕДИЈА”. Реалното шоу „ Осакатени души“ има над 50 изведби во матичната куќа , Театар Комедија и низ градовите во државата. Од досегашното искуство режисерот Ризески  споделува дека македонската  публика е гладна за жанрот комедија.„Има желба за комедија. Немало град, а да нема интерес за комедиј…

Апр 8, 2019

Епидемијата на морбили во Струга не стивнува

За една седмица осум нови заболени од морбили во Струга. Епидемијата не стивнува , бројот порасна на 49 заразени,   по еден нов заболен дневно. Тринаесет од заболените со морбили  се медицински лица,  сестри и друг персонал од здравствените установи. Најголем дел од нив се на возраст од една  до педесет години. Бидејки се работи за високо контаминозно заболување овој број се очекува да расте. „Меѓу заболените нема деца  кои според вакциналниот статус  кои требало да бидат вакцинирани, а ниту пак имаме школски деца. Сите заболени се деца до една година и  група од 40 до 50 години. Тоа е возр…

Апр 8, 2019

Михаил Трендафилов Нанче : Јас сум љубопитен, вреден и непокорлив

Амбициозен, непокорлив , неуморен трагач  по вистината. Вака оние кои добро го познаваат  го опишуваат  Михаил Трендафилов Нанче, кандидатот за градоначалник од Граѓанско демократската унија. Роден во Охрид во 1954 година, основно завршил во „Свети Климент Охридски“,   а средно образование во истоимената  гимназија. Дипломирал на градежниот факултет во Скопје. Среќно е оженет татко на  две деца , а круна на семејната радост е  едногодишниот  внук од синот. Себе си се опишува како бурен карактер, љубопитен човек,  кој не умее да мирува. „Работев во ЕМО, потоа во Трудбеник како градежна фрима…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top