Сеп 16, 2011

Учете во Австралија

Австралија е земја на неограничени можности во образованието. Стототици  училишта и колеџи и повеќе од 40 универзитети во Австралија и Нов Зеланд, минативе седум години се достапни за идните средношколци и студенти од земјава, благодарение на агенцијата „Бриџ Блу“. Тие преку своето претставништво од Скопје, нудат професионален сервис и услуга за образование и живеење во Австралија. Што се однесува до далечината, таа сега воопшто не претставува проблем, вели Сашо Грозданоски вработен во агенцијата. „Далечината мислам дека беше проблем кога ние студиравме, во деведеститте години. Сега со сре…

Сеп 16, 2011

Младите фудбалери на ФШ „Фер плеј“ од Сарево се вратија со сребро

20 –мина млади фудбалери кои се дел од Фудбалската школа „Фер плеј“ се вратија со сребрена медалја од учеството на меѓународен турнир „Млади надежи“  во Сараево. Тие постигнаа висок пласман во конкуренција  од 48 екипи од поранешните Ју Републики. Младите фудаблери се задоволни од играта и  би сакале еден ден да станат славни како и светските фудбалери кои се нивни идоли. Еден од координаторите на Фудбалската школа „Фер Плеј“, Марјан Настески, е задоволен од постигнатиот резултат во Сараево и од играта на малите фудбалери. Тие во силна конкуренција од 47 противнички екипи биле поразени еди…

Сеп 15, 2011

Охридските алпинисти на Доломитите

Членовите на А.К. „Патагонија“ од Охрид, Димитри Димитров и Ангел Куртелов деновиве се вратија од кадровската алпинистичка акција во Италија, организирана од страна на Македонската алпинистичка федерација. Охридските алпинисти заедно со аплпинистите Виктор Хаџивасилев и Алекандар Зарапчиев од Скопје, беа дел од ова алпинистичко патување на кое младите алпинисти стекнаа искуства кои како самите велат, се многу различни од оние стекнати тука. „Ова беше совршена можност да се види кој колку напреднал и во кој дел од тренингот треба да работи повеќе, за во иднина да има соодветен напредок“, вел…

Сеп 15, 2011

Колку се општествено одговорни македонските фирми?

Мислевте дека успехот на претпријатијата се мери само преку деловни резултати? Погрешно! Во последно време се  поприсутен станува концептот на општествена одговорност на компаниите. Реновирање на спортски центар во Скопје, крводарителски акции, помош на децата од СОС селото, еколошка акција за чистење на брегот на Охридското езеро, засадување на садници. Овие неколку примери на општествено одговорно однесување се дело на Охридска банка од групацијата Сосиете женерал, но се поголем број на компании се приклучуваат во примената на овој солидарен концепт. Зошто? „Директни пресметливи бенефити…

Сеп 15, 2011

Нема лабаво, домашните миленици под контрола

Неносењето на заштитни средства на домашните миленичиња е сериозен проблем. СВР Охрид на ова поле презема интензивни мерки, бидејќи согласно законот за прекршоци на јавен ред и мир, оваа појава предизвикува не само страв туку и опасност кај  пешаците посебно кај помладата популација. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека појавата на неносење на соодветни заштитни средства на кучињата како проблем го среќаваат скоро секој ден во нивната работа. Тој потенцира дека една од посериозните активност во нивниот сектор е точно оваа проблематика и поради тоа се преземале сите неопходни м…

Сеп 14, 2011

Нова позиција за инспектор во Охрид

Охрид за прв пат ќе има свој даночен инспектор. Заврши огласот за пријава на кандидати за нов инспектор, во општинскиот инспекторат. Во тек е постапката за избор на челник на оваа позиција. Во Локалната самоуправа на Охрид, веќе ќе има кој да се грижи за наплатата на даноците на општината. Портпаролот на општина Охрид, Симон Илиевски, вели дека ова досега непотполнато место е согласно последната систематизација на Локалната самоуправа. Постапката за избор на даночен инспектор ја води Агенцијата за администрација. Оваа позиција во досегашниот мандат на градоначалникот Петрески, ја немаше. На…

Сеп 14, 2011

Јанакиевски побара да се забрза постапката за легализација на дивоградбите

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески испрати допис до градоначалниците во сите општини во Република Македонија во кој им укажува на законските рокови за донесување на актите предвидени со Законот за постапување со бесправни објекти, односно за решавање на предметите согласно овој закон. Во дописот се наведени и постапките кои се пропишани со закон во случаи градоначалниците да не ги решат овие предмети во рок од шест месеци од нивниот прием, односно не донесат решение за утврдување на правен статус во рок од 5 работни дена од плаќањето на надоместокот. „Писмото се однесува на при…

Сеп 13, 2011

Ќе дојде ли светската кајакарска елита во Охрид?

Ќе ги видиме ли најдобрите евроски и светски кајакари во водите на Охридското езеро? Иницирано од минатогодишниот спортски подвиг кога Ристе Чуркоски со својок кајак го заобиколи Охридското езеро, се роди идејата за организација на кајак маратон во водите на езерото. Но, до реализација на првичниот проект од минатата година не дојде, а за тоа секако најголема причина е проблемот со обезбедување финансиски средства. Ристе Чуркоски пак, кој е и претседател на О.О на маратонот вели дека од намерата не се откажуваат. Иако со мало задоцнување, кајак маратон ќе има. „Оваа година одлучивме ние ко…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top