Јанакиевски побара да се забрза постапката за легализација на дивоградбите

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески испрати допис до градоначалниците во сите општини во Република Македонија во кој им укажува на законските рокови за донесување на актите предвидени со Законот за постапување со бесправни објекти, односно за решавање на предметите согласно овој закон.

 |  Татјана Маленкова  | 
ohrid
ohrid

ohridМинистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески испрати допис до градоначалниците во сите општини во Република Македонија во кој им укажува на законските рокови за донесување на актите предвидени со Законот за постапување со бесправни објекти, односно за решавање на предметите согласно овој закон.

Во дописот се наведени и постапките кои се пропишани со закон во случаи градоначалниците да не ги решат овие предмети во рок од шест месеци од нивниот прием, односно не донесат решение за утврдување на правен статус во рок од 5 работни дена од плаќањето на надоместокот.

„Писмото се однесува на примената на законот на бесправно изградени објекти, поточно за утврдување на нивниот статус. Во општина Охрид поднесени се близу 11 000 предмети“, вели раководителот на секторот за урбанизам Бранко Арнаудов.  

„ Кога ќе слушните таква бројка од 11 000 предмети се мисли дека тоа е многу. Ако се земе во предвид дека се работи за гаражи за потпорни зидови, за дворни огради, за трафостаници, преку 300 барања има поднесено само ЕВН, за легализација на трафостаници за полагање на кабли така да бесправна градба и такви објекти кај нас барем во Охрид има многу малку благодарение на тоа што Охрид како град е најмногу покриен со урбанистички планови од сите градови во Македонија“, вели раководител на сектор за урбанизам, Бранко Арнаудов.

ArnaudovАрнаудов додава дека со писмото на општините им било укажано дека треба предметите да ги решат во најбрз можен. Ние како општина ќе ги почитуваме сите законски рокови. Проблем се само оние предмите за кои сопствениците на градбите брзајќи да го запазат рокот, не поднеле никаков документ, туку само име и презиме.    

„Такви предмети има многу. Да не претерам можеби околу 60, 70 % од предметите се такви некомплетирани. Дали немаат геодетски елаборат или пак фали нешто друго од докумнтацијата. Сигурно 2000 -3000 педмети немаат ништо. Министерот ни испрати писмо со кое бара да постапиме при решавање на овие предмети за бесправна градба согласно законот за бесправна грдба и да ги испочитуваме тие рокови. За да ги решиме и ние побрзо, без разлика што ќе биде мал приливот на средства досега работавме со три комисии, сега ќе формираме уште една комисија“, вели Арнаудов.

Раководителот на секторот за урбанизам потенцираше дека за секој предмет комисиите мора да се излезат  на лице место, со цел да ја утврдат фактичката состојба, да се слика објектот.
Во меѓувреме преку медиумите, но и  секој барател поединечно ќе бидат информирани дека треба да ги комплетираат докумнтите, во спротивно ќе следува прекинување на постапката за предметот и ќе се чека комплетирање на предметот за да продолжи истата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top