Стартот на учебната 2011 / 2012 година, во основните и средните училишта, започнува со низа измени кои се однесуваат и за наставниците и за родителите. Едни измени и дополнувања на Законот за основно образование стартуваат од септември, а другите од јануари идната година. До 20 септември училиштата имаат обврска да достават до државниот инспекторат за обарзовани еи наука програми за организирање часови за дополнителна и додатна настава. Наставниците ќе мора да испланираат термини за изведување на овој вид настава. Законодавецот увидел дека семејниот буџет се празни затоа што родителите на …
Што шкрипи во ЈП „Нискоградба“? Дефектот на цевка кој рано изутрина се случи на улицата „Кленоец“ со часови несаниран. Неофицијално дознаваме дека станува збор за штрајк на вработените чијашто разврска се очекува, а Директорот на ова јавно претпријатие Владо Цветкоски, без коментар за ваквата ситуација. Штетата во секој случај е на товар на граѓаните. Жителите од улицата Кленоец, вчудоневидени од односот на вработените во Ј.П., кои пристигнале на местото каде се случил дефектот и делумно само го обележале, а за санирање да не станува збор. Штетите што жителите ги имаат во своите дворови од …
Електронската влада или е-владата ја носи земјава чекор поблиску кон најдемократските држави во светот. Активното вклучување на граѓанинот во одлуките и законите кои ги носи Парламентот на Република Македонија, не само на хартија, туку и во пракса, ја крева демократијата во земјава на едно повисоко ниво. Ова е заклучокот на министерот за информатичко општество, Иво Ивановски. Тој додава дека се спроведени бројни проекти во оваа насока, но уште многу останува да бидат реализирани.„Па имајќи во предвид во минатото 464 закони кои што беа донесени од Владата и од Парламентот беа поминати низ РИ…
Трпчески додаде дека усогласувањата на висината на пензиите го очекуваат отприлика во месец Октомври, но сеуште немаат сознанија колкаво ќе биде тоа поместување и што тоа ќе значи за пензионерите. Сепак се надеваат на што побрза корекција на пензиите, бидејќи животните трошоци им се зголемиле од последното корегирање на висината на пензиите.„Тоа беше минатата година, но беше многу симболично, многу мало околу 2-3% оваа година очекуваме да биде барем малку повисоко, околу 3 можеби над 3. Па да видиме сега реков да не преудицираме затоа што статистикава треба да го каже тоа што е во тој дел.-…
Во Охрид по петти пат се одржува Конгресот на фармација на Македонија. Организатор е македонското фармацевтско друштво кое постои неполни 65 години, а коорганизатор е фармацевтскиот факултет Св. „Кирил и Методи“, Скопје. Конгресот се одржува на секои четири години, а оваа година регистрирани се 1000 учесници од кои 250 од странство. Проблематиката на конгресот годинава е целокупната фармацевтска дејност. Професор Сузана Трајковиќ Јолеска, претседател на македонското фармацевтско друштво, вели дека бројката на учесници е факт кој говори дека развојот и афирмацијата на фармацијата во земјава …
Со мозаиците во земјите од Југоисточна Европа различно се постапува. Се зависи од тоа колку пари се одвојуваат за нивна рестарвација и конзервација се согласија учесниците – конзерватори на меѓународната стручна средба што се одржува во Охрид. На некои архолошки локалитети мозаиците се достапни и во добра зачувана состојба, но некаде се запоставени и покриени со песок и далеку од очите на јавноста. Се зависи од тоа колку пари државите имаат за да ги зачуваат од забот на времето и да ги приближат до посетителите. „Македонија е една од поретките земји која полага внимание за што подобра зашт…
Децентрализацијата е столб за напредок на државата. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески и Министерот за Локална самоуправа Невзат Бејта, денес остварија работна средба. Тие дебатираа за процесот на децентрализација воопшто, со посебен акцент на општина Охрид. Петрески рече дека целосно го запознал министерот со состојбите околу обидот на општина Охрид да влезе во втора фаза на децентрализација. Потенцира дека со ресорниот министер споделуваат исто мислење оти децентрализацијата е најважниот процес што треба да се случи во Македонија, како еден од главните услови за влез на земјата…
„Кабаре мистериозо“, комедијата на Дарио Фо е претставата со која Охридскиот народен театар ја започнува својата редовна програма. Претставата има интерактивен карактер во кој самата публика станува дел од актерската екипа. „Кабаре мистериозо“ изобилува со игра и песна, а дијалектички е прилагодена на охридското поднебје, нешто што и самиот автор на претставата го поставува како совет до сите изведувачи. Премиерната изведба на оваа претстава на Охридско лето на сцената кај Света Софија, предизвика и серија реакции кај публиката, во кои претставата дури беше окарактеризирана и како богохулие…