Сабота-Ден за театар во Охрид

„Кабаре мистериозо“ ја започнува редовната програма на Охридскиот народен театар. Претставата која предизвика сериозни реакции кај публиката на Охридско лето, овој пат премиерно само за Охриѓани. Обработувајќи теми од Библијата, „Кабаре мистериозо“ на комичен начин преку песна и игра ќе ја забавува публиката. Со оваа претстава започнува и она што може да се нарече „Сабота-ден за театар во Охрид“.

 |  Мишел Наумоски  | 
Kabare Misteriozo
Кабаре Мистериозо

Kabare Misteriozo„Кабаре мистериозо“, комедијата на Дарио Фо е претставата со која Охридскиот народен театар ја започнува својата редовна програма. Претставата има интерактивен карактер во кој самата публика станува дел од актерската екипа. „Кабаре мистериозо“ изобилува со игра и песна, а дијалектички е прилагодена на охридското поднебје, нешто што и самиот автор на претставата го поставува како совет до сите изведувачи. Премиерната изведба на оваа претстава на Охридско лето на сцената кај Света Софија, предизвика и серија реакции кај публиката, во кои претставата дури беше окарактеризирана и како богохулие.

„Ако навистина се следи претставата, ако се разбере, ако гледачот се ослободи од она догматско, догматското мислење мислам дека е еден генерален проблем во нашата средина. Значи ако се обиде работите да ги анализира низ себе значи со сопствена глава да размислува ќе сфати, ќе види тоа е многу јасно, дека претставата го промовира, дека ја промовира најчистата идеја на христијанството, се она што се критикува во неа е всушност како христијанството е погрешно разбрано или интерпретирано од масите, некогаш дури и од црковните великодостоинственици.“-вели актерката Јасмина Билаловиќ

„Кабаре мистериозо“ е само почеток на главниот проект, а тоа е заживување на театарскиот живот во Охрид. Охридскиот народен театар не запира тука, најавуваат и бројни планови за во иднина.

pres„Репертоарот на Охридскиот театар почнува практично од 24 Септември и ќе биде секоја сабота, тоа ќе биде театарски ден во Охрид, така ќе го викаме театарски ден во Охрид, сабота ќе биде театарски ден во Охрид. Се до оној момент додека не се зацврсти продукцијата имајќи во предвид дека две претстави се реализирани во рок од неколку месеци, очекуваме уште една премиера во Ноември и уште една детска претстава нели при крајот на годината.“-рече директорот на Охридскиот народен театар, Горан Стојаноски

Охридскиот народен театар со свои претстави досега настапи на Младинскиот отворен театар во Скопје, Деновите на комедијата во Куманово, Фестивалот на античка драма Стоби во Велес и многу други театарски фестивали низ земјава.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top