Македонија може да биде лидер во регионот за Е-демократија

Електронската демократијата во Македонија е на високо ниво. Според министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, нашата земја е една од најнапредните според степенот на соработка помеѓу граѓанинот и владата.

 |  Мишел Наумоски  | 
e-demokratija
e-demokratija

e-demokratijaЕлектронската влада или е-владата ја носи земјава чекор поблиску кон најдемократските држави во светот. Активното вклучување на граѓанинот во одлуките и законите кои ги носи Парламентот на Република Македонија, не само на хартија, туку и во пракса, ја крева демократијата во земјава на едно повисоко ниво. Ова е заклучокот на министерот за информатичко општество, Иво Ивановски. Тој додава дека се спроведени бројни проекти во оваа насока, но уште многу останува да бидат реализирани.

„Па имајќи во предвид во минатото 464 закони кои што беа донесени од Владата и од Парламентот беа поминати низ РИА системот, ЕНЕР системот, тоа значи систем каде што граѓаните можат активно да коментираат на законите додека се во драфт фаза, тоа е највисокото ниво на едно демократско општество. Ние продолжуваме со тоа затоа што тој систем сега го презедовме во Министерството за информатичко општество и администрација и сите оние закони кои што Министерството ќе ги предлага, граѓаните ќе имаат можност да коментираат додека се во фаза на изработка, а после тоа да преминат во собранието. Што значи дека ние сме меѓу понапредните земји.“-вели Иво Ивановски-Министер за информатичко општество

Оценката на регионалните експерти е дека Република Македонија може да биде предводник на регионот во однос на е-демократијата. Оттука и одржувањето на дводневната конференција за е-демократија е токму во Охрид.

e-demokratija„Е демократија значи отворање на Владата, отворање на Парламентот кон државјанинот. Денес имаме голем проблем во дисконекцијата помеѓу политичките елити и граѓаните. Има 7 милијарди луѓе на светот кои ги менаџираат 193 земји. Значи голем предизвик е тоа како владите управуваат со сите ресурси и како тие се одзиваат на барањата или на граѓаните или на претпријатијата за да ни обезбедат подобра иднина. Тоа значи резултатите кои се добри, секогаш може да бидат и подобри и во тој правец е многу добро и пофално за Македонската влада што освен тоа што има добри решенија секогаш тежнее и кон исполнување, значи оди понатаму.“-рече Блаж Голоб-Дир. на Центар за развој на Е-Влади од Словенија

Голоб додава дека информатиката е секогаш во функција на развој на демократијата, но напоменува и дека таа е само алат и орудие кое помага во постигнување на поголемо приклучување на поединците и граѓаните.

На оваа дводневна конференција за е-демократија учествуваат претставници од 17 земји, меѓу кои и експерти од Центарот за Е-Влади од Словенија, претставници од САД, па дури и претставници од Оман.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top