Конгрес на фармацијата во Македонија

Фармацијата е занает. Квалитетот на едукација на македонските студенти  е на високо ниво и може да се носи со европскиот, велат експертите по фармација.

 |  Билјана Николоска  | 
kongres
kongres

kongresВо Охрид по петти пат се одржува Конгресот на фармација на Македонија. Организатор е македонското фармацевтско друштво кое постои неполни 65 години, а коорганизатор е фармацевтскиот факултет Св. „Кирил и Методи“, Скопје. Конгресот се одржува на секои четири години, а оваа година регистрирани се 1000 учесници од кои 250 од странство. Проблематиката на конгресот годинава е целокупната фармацевтска дејност. Професор Сузана Трајковиќ Јолеска, претседател на македонското фармацевтско друштво, вели дека бројката на учесници е факт кој говори дека развојот и афирмацијата на фармацијата во земјава е голем.
kongresИстакнатиот доктор професор невролог Слободан Апостолски од Белград кој со свое предавање е учесник на Конгресот вели дека соработката со Македонија посебно со Скопје е 20 годишна и потекнува од Америка. Тој е задоволен од постигнатите резултати посебно со магистрантите кои биле негови ученици на полето на развој на науката.
Многу пофалби за Апостолски изнесе проф. д-р Љубица Шутуркова. Таа рече дека очекуваат оти заедно како тим со Др. Апостолски многу ќе допринесат за балканската наука.
Годинава за прв пат во рамките на конгресот била воспоставена нова пракса каде и студентите преку секција учествувале на конгресот. Организаторите велат дека студентите добро се покажале а воедно имале можност да ги слушнат и предавањата на врвните професори, истакнати во светски рамки.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top