Дек 14, 2011

Дали Управата за јавни приходи е достапна за медиумите?

Колку соработуваат медиумите и Управата за јавни приходи? Комуникацијата помеѓу овие две страни е клучна во овозможување на достапност на информациите. Сепак, прашање е колку реално тие меѓусебно соработуваат. Токму во насока на регулирање на правата и обврските на двете страни е упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите кое го издаде Управата. Едно од главните начела во функционирањето на УЈП се транспарентноста и промоцијата на партнерство и еднаков третман. Управата редовно испраќа соопштенија до медиумите, а медиумите релативно редовно и ги објавуваат, меѓутоа дали е …

Дек 14, 2011

Булеварот „Јане Сандански“ затворен за сообраќај

Дел од Булеварот „Јане Сандански“ денес затворен за сообраќај. Хусеин Ќато, раководителот на секторот за изградба, одржување и реконструкција на канализациони системи во Јавното Претпријатие „Нискоградба“ од Охрид, во телефонски разговор не информира дека причина за затворање на дел од оваа сообраќајница е еден малку поголем хидро-технички зафат. Имено, станува збор за приклучување на новоизградениот станбен комплекс лоциран во близина на булеварот, на градскиот канализационен систем, како и санирање на постоечкиот проблем со атмосферските води на овој потег, објаснува Ќато. Од „Нискоградба…

Дек 14, 2011

Кривични пријави – СВР Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 4 лица за сторено кривично дело „незаконит риболов“. Кај лицата С.Ф.(25) и Д.Н.(22), од Охрид на 24-ти ноември, кај „Сараиште“ при извршен претрес во чамецот полицијата пронашла околу 72 парчиња разновидна риба. А кај лицата М.Р.(53) и С.Р.(29), од Пештани на 25-ти ноември, при извршен преглед од нивниот чамец се одземени 12 парчиња риба. Кривична пријава за сторено кривично дело „повреда на правото на дистрибутерот на технички посебно заштитен сателитски сигнал“ е поднесена против едно лице. Пријавениот без да поседува одобрение, неовластено дистри…

Дек 14, 2011

Презентирани македонските туристички потенцијали во Холандија

Продолжува промоцијата на македонската туристичка понуда во Холандија и Шведска. Неодамна во Светскиот трговски центар во Амстердам-Холандија, во организација на амбасадорот г-дин Никола Димитров се одржа промоција на Македонија како туристичка дестинација, но и промоција на македонските вина. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ги презентираше туристичките потенцијали на  Македонија пред повеќе од триесет холандски тур-оператори кои веќе ја нудат Македонија како туристичка дестинација, но и пред тур-оператори кои пројавиле интерес за носење на туристички …

Дек 13, 2011

Дали Законот за млади ќе се врати во Собрание?

Да го вратиме Законот за млади во собраниска процедура! Ова е иницијативата која во моментов ја спроведува Коалицијата на младински организации-СЕГА, а чија цел е добивање на сеопфатен закон за младите во Република Македонија. Овој контроверзен закон по острите критики кои ги доби во јавноста беше повлечен од собраниска процедура. Иако Владата најпрво негираше дека ќе го повлече, сепак на крајот на месец Октомври го врати на доработка. Но додека предлагачот размислува за недостатоците на законот, младите и натаму без регулирани права и обврски. Младинските организации бараат тој повторно да…

Дек 13, 2011

Елшани доби пристапен пат до селскиот резервоар за вода

Елшанци здивнаа од еден проблемРешавањето на овој проблем е  само еден од повеќето инфраструктурни проблеми кои ги мачат елшанци. Тие бараат подобар асфалтен пат и водоводна мрежа. Градоначалникот ветува дека со добивањето  на  поголеми надлежности со влезот во втора фаза на децентрализација, Локалната самоуправа  и понатака ќе ги решава проблемите на граѓаните. Општина Охрид  ќе се грижи за  подеднаков развој на градските населби и   рурални средини,  потенцира градоначалникот.„Една држава оди напред кога секој граѓанин ќе се изјасни за трошењето  на парите од државната или општинската кас…

Дек 13, 2011

„Имаш пет минути? Дарувај крв и спаси нечиј живот“

Студентите од ФТУ од Охрид денес ја покажаа својата хуманост на дело. Активно се вклучија во крводарителската акција која два пати годишно се спроведува во нивната устанува. Христина Божиновска беше еден од триесетината студенти која хуманиот импулс го спороведе на дело.Ова инаку е планирана крводарителска акција која се спроведува во оваа образовна установа, а е во организација на  „Црвениот крст“ и одделението за трансфузилогија при Општа болница Охрид објасни Игор Тасески мотиватор за крводарителство при ОО на Црвениот Крст од Охрид. Тој ни објасни и која всушност е неговата задача.„Како…

Дек 10, 2011

Лоцирани „жешки“ еко точки на езерското дно

Стари шпорети, мијалници, гуми, градежен шут, пластични предмети се само дел од отпадот што го  пронаѓаат нуркачите на дното од езерото. „Сме нуркале на многу места во светот ама ваква хаотична ситуација со фрлање на цврст отпад во водите како што е со нашето езеро не сме нашле никаде“, вели Милутин Секулоски од нуркачкиот клуб Амфора. За спречување на ваквите појави  Секулоски апелира институциите да пронајдат механзими за   контрола и  спречување несовесните граѓани од цврстиот  отпад да се ослободуваат во езерските води. И додека надлежните не го спречат ваквото загадување нуркачите од А…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top