Срцево-садовите заболувања имаат тренд на пораст меѓу македонското население како и во останатите пост транзициски земји. Овие заболувања и понатака го држат прво место по смртност. Додека кардиоваскуларните болести кај нас се зголемуваат, во развиените земји нивниот број е во опаѓање. Примариус д-р Лазар Коњановски, интернист кардиолог, укажува на загрижувачкиот факт, младите луѓе се почесто се на удар од срцевите заболувања.
Стресот и понатака е главен ризик фактор за овие заболувања кои се и причина за смртност број еден.Д-р Коњаноски покрај стресот ги наведува и останатите фактори как…
45 вработени од ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД- се вратија во МЈП ПРОАКВА. После година дена од работењето на ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД двете претпријатија воочиле неколку пропусти во врска распределбата на стучниот кадар. Една од посериозниите забелешки е дека два битни сегменти останале во Нискоградба, а по логиката требало да припаѓаат во Проаква, вели првиот човек на МЈП ПРОАКВА Златко Старкоски. Тој додава дека во таа насока го искористиле новиот Закон за јавни службеници и со превземање ги вратиле истите луѓе со исти работни места и структура.
Постапката за спогодбено враќање на вработените од НИСКО…
ВМРО-ДПМНЕ ги презентираше проектите за развој на Охрид. Овие проекти се дел од Манифестот за реформи и развој за кој од ДПМНЕ велат дека е носител на нивната кампања. Автопатско поврзување на Охрид со Гостивар во должина од 128 километри, железничка пруга Кичево-Струга и 126 нови куќи и станови за социјални случаи и самохрани мајки до 2013 година. Фокусот на реформите од ВМРО-ДПМНЕ велат е на инфраструктурната изградба.Враќање на дигнитетот на образовните институции. Тоа е мисијата која Либерално демократската партија ја постави како своја основна идеја за претстојните избори. Од ЛДП велат…
„Охридско лето“ остана без селектори. Само пет дена по смената на досегашните селектори на драмскиот и музичкиот дел, нашиот најпрестижен фестивал повторно во ќорсокак. Имено, како што веќе информиравме, директорот Васко Василески, по завршувањето на договорите на претходните селектори, за драмски селектор на фестивалот го назначи Горан Стојаноски, директор на Охридскиот народен театар, додека за селектор на музичката програма беше назначена директорката на Македонската филхармонија, Маја Чанаќевиќ. Сепак, онолку брзо колку што беа назначени, толку брзо и ја напуштија својата нова функција…
Никако да успее имплементацијата на Законот за домување. Меѓу народот сеуште владее непознавањето и дилемите околу обврските и поволностите кои ги носи овој закон. Многумина се прашуваат што ќе стане со куќните совети, кој треба да вработи домар или управител, колку вработени треба да бидат во негова служба, кој и како ќе ги плаќа и што доколку некој не го почитува Законот? Законот за домување беше донесен во 2009 година, а со него се регулираа односите на сопствениците на становите и лицата кои се овластени тие односи да ги спроведат. Новина е потребата од воведување на управител, порано …
Започнаа градежните активности за изградба на куќата на Ајри Доко. Овој објект кој е под заштита на Завод и музеј мораше да се сруши до темел, затоа што при изградба на соседниот објект пред две години, дојде до сериозни оштетувања на куќата на Доко. „Најголеми беа оштетувањата во темелните парти, што допринесе до пореметување на целата конструкција на објектот“, истакна директорката на Заводот за заштита на спомениците на културата, Тања Паскали Бунташеска. „Ние како надлежна институција бидејќи објектот е заштитен со поединечно решение и претставува поединечно споменично добро изработивме…
Во водите на Охридското Езеро, во близина на кејот, викендов е забележана маслена дамка. Дамката била со мала густина, во радиус од 100 метра и се протегала на потегот од хотел Палас до споменикот на Св. Кирил и Методиј. На терен веднаш излегла екипа од Центарот за јавно здравје на повик од државниот инспектор за животна средина. Екипата ја измерила концентрацијата на кислород и било констирано дека е на долна граница, но во границите на нормалата. Специјaлистот броматолог Сашо Точко вели дека зеле по 2 примероци од нафтената дамка за хемиско и микробиолошко испитување. „ Од првичната …
„Многу работи кои ги кажа директорот на ЈП Охридски Комуналец се ноторна лага, невистина, клевета, елементарно непознавање и треба да ги дообјасниме“, истакна директот на Центарот за јавно здравје, Атансако Михаилов. Тој додаде дека пресс конференцијата во Комуналец била со цел замајување на јавноста и префрлување на вниманито на јавноста на друга страна, поради поскапувањето на цената на комуналните услуги и субвенциите од 14 милиони денари кои што ги доби ЈП, но дека сето ова нема ништо заедничко со Центарот за јавно здравје. „За Сашо Алче варењето на грав и автоклавирањето на медицински …