МЈП Проаква со плус 45 вработени

45 вработени од ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД- се вратија во МЈП ПРОАКВА.

 |  Билјана Николовска  | 
Starkoski
Старкоски

MJP Proakva45 вработени од ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД- се вратија во МЈП ПРОАКВА. После година дена од работењето на ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД двете претпријатија воочиле неколку пропусти во врска распределбата на стучниот кадар. Една од посериозниите забелешки е дека два битни сегменти останале во Нискоградба, а по логиката требало да припаѓаат во Проаква, вели првиот човек на МЈП ПРОАКВА Златко Старкоски. Тој додава дека во таа насока го искористиле новиот Закон за јавни службеници и со превземање ги вратиле истите луѓе со исти работни места и структура.

Постапката за спогодбено враќање на вработените од НИСКОГРАДБА во ПРОАКВА, пред неколку дена во емисија на телевизија ТВМ, ја најави директорот на ова ЈП Владо Цветкоски. И неговиот став се совпаѓа со ставот на Старкоски, поточно и двајцата директори признаваат дека при поделбата на ЈП се направиле пропусти.

Starkoski

 

Не ретко во јавноста се коментира дека МЈП Проаква е пренатрупана од вработени, дека работи во негатива, па оттука нормално е да се наметне прашањето, дали врќањето на дел од вработените ќе ја отежни уште повеќе состојбата на ЈП во делот на исплата на плати. Старкоски тврди дека тоа нема да влијае врз буџетот на ЈП и го поткрепи со податокот дека очекуваат приходи од приклучоци и од монтажа на мерните броила како и од нивно сервисирање.
Да се надеваме дека договорот помеѓу двајцата директори за спогодбено преземање на дел од вработените, ќе го даде очекуваниот резултат. Но факт е дека и на двајцата директори им престои тежок период додека дојдат до состојба на редовна исплата на плати и придонеси или додека претпријатијата не ги изправат на здрави нозе.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top