Post Views: 0
Десетина охридски млади музичарии одржаа свирка со хуманитарен карактер. Со своите инструменти свиреа акустична музика. Покажаа дека се хуманисти и ги повикаа сограѓаните да се вклучат во животната битка на малата Мила која треба да оди на оперативен зафат во Кина.
„Охриѓани да останат и да продолжат со својата хуманост. Охрид отсекогаш бил град на хуманоста. Секогаш кога требало да се направи хумнитарен настан на музички или спортски план охриѓани се приклучуваат. И понатaкада останат хумани “, порача младиот волонтер и хуманист Лео Спасески.
Двочасовниот музичко хуманитарен...
Post Views: 11
Охридскиот младински културно образовен центар „Соната“ утре ќе го одбележи Светскиот ден на танцот. По тој повод на градскиот плоштад во 13:00 часот за прв пат ќе се организира Dance Battle. Dance Battle е натпревар помеѓу двајца танчери или два тима на танчери кои танцуваат три рунди на музика која однапред не им е позната, а за која веднаш треба да направат кореографија, појаснува Даниел Наумоски инструктор по танц. Учество ќе земат членови на Студиото за танц кое работи во рамките на МКОЦ Соната, а кои веќе се потврдиле на бројни меѓународни натпревари, но има...
Post Views: 2
ЗГ „Совест“ организираше јавна трибина за нелегалните градежни зафати врз Али пашината џамија. Голем број присутни граѓани и експерти од повеќе области дебатираа за сите прашања поврзани со објектот, како што истакнаа, и со нелегалната изградба на 32 метарското минаре на Али пашината џамија. Дебатираа архитекти, историчари на уметност, експерти од повеќе области, членови од надзорниот одбор во Завод и музеј. Сите порачаа, немаат верска или етничка нетрпеливост кон било кого, туку бараат почитување на законските одредби за зачување на културното и историско наследство...
Post Views: 8
Охридските еколози од Грашница се против изградба на регионална депонија во Дебрца или на било која друга локација. Нивниот предлог е да се продолжи со веќе започната селекција за собирање и рециклирање на отпадот од јавните и приватните претпријатија. Алтернативата ја гледаат преку едукација и пропаганда да се продложи со рециклирањето на отпадот и да се добива економски бенефит. На терен ги имаме садовите за собирање на отпад, а може да им се помогне и на собирачите на отпад, вели Стојаноски.
„Наместо да се дадат 40 милиони евра за депонија во Дебрца или некаде во...
Post Views: 5
Дебрчани масовно излегоа на протест и кажаа не за изградбата на регионална депонија во атарот на селото Годивје. Со двочасовен прекин на сообраќајот на патниот правец Охрид – Кичево, кај селото Ботун, уште еднаш ги изнесоа своите аргументи против регионалната депонија да се гради во Дебрца. Тука е Сини вирови најголемиот извор на питка вода во Европа кој исфрла 680 литри во секунда, кажа меѓу другото Бошко Ставрески, член на Координативното тело против изградбата на депонијата.
„Дебрца не е само еколошки чиста средина, туку има и многу други апекти со кои се брани...
Post Views: 1
Вработените од ЈП Охридски комуналец интензивно работат на уредување на парковите површини. При тоа во континуитет претрпуваат штети од кражби на цвеќиња и декоративни садници од страна на несовесни граѓани.Таквото уништување го нарушува изгледот на парковите површини, информира Трајан Љаткоски.
„Секојдневно се справуваме со тие работи. Дополнуваме, пресадуваме и заменуваме цвеќиња и садници, но трендот на крадење продолжува од несовесни граѓани. Се надеваме со овие изјави, со интервенција на полицијата и на нашите служби таа појава да се намали“, вели Љаткоски.
Во...
Post Views: 3
Во месец јуни, кога е екот на бербата на црешите во Охрид ќе се одржи Фестивал посветен на охридската черешна. Со спојот на ЕД Грашница, на Здржението Охридска черешна од Лакочереј и на Здружението на пчелари Охрид ќе придонесува за создавање услови за успешен бизнис во одгледувањето на цреши. Проектот е поддржан финансиски од Локалната самоуправа. Со презентација на овошје и продукти од цреши низ музика и фолклор наша намера е ова овошје што повеќе да го доближиме до купувачите, но и до туристите, напоменува Борис Стојаноски од ЕД Грашница.
„ Со повеќе активности ќе...
Post Views: 2
Станоиздавачите од мал обем и хотелиерите во одредени реони не ја уплаќаат реално туристичката такса, посочува Љупчо Јаневски директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Во Македонија минатата година имало 1 милион туристи кои реализирале 2,7 милиони ноќевања. Истражувањата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот покажале дека плаќањето на туристичката такса затајува.
„Со последните двомесечни истражувања дојдовме до податоци дека е слаб одзивот на плаќање на туристичка такса во некои региони. Најголемите два туристички центри Охрид и Скопје...
Post Views: 5
Охридскиот студенски дом „Никола Карев“ ќе работи со полн капацитет во новата академска година. Станарите на домот ќе мора да ги почитуваат протоколите на Комисијата за заразни болести за да се спречи ширењето на ковид 19, информира Жарко Куциноски, директор на студенскиот дом.
Моментално се врши вселување на станарите во домот и апелираме да ги почитуваат мерките. Да носат заштитни маски, да нема групирање на студентите , да нема физички контакт при поздравување, а е забранет и влез за родителите/старатели на студентите – истакна Куциноски.
За редот и дисциплината...
Post Views: 8
Авиосообраќајот во земјава и регионот ќе се унапредува, најави од Охрид, Горан Сугарески, македонскиот министер за транспорт и врски. Воспоставувањето на новата чартер линија Истанбул Охрид е доказ дека Македонија е атрактивна за сите авиокомпании, рече Сугарески кој беше дел од дочекот на туристите од Турција со првиот чартер лет.
„ Да најавам дека наскоро ќe има јавен повик за финансиска поддршка за ниско буџетни компании кои ќе понудат нови авиолинии. Со тоа ќе им овозможиме на македонските граѓани да летаат по ниски цени до многу метрополи. Охридскиот аеродром ќе...
Post Views: 1
На охридскиот аеродром утре ќе допатуваат 180 гости од Турција со првиот чартер лет што ќе сообраќа на релација Истанбул-Охрид. Ова е прва чартер линија со која ќе слетуваат и полетуваат туристите од и во Охрид. Со туристичкиот 7 дневен аранжман вклучена е Балканска кружна тура со три ноќевања во Македонија, од кои две се во Охрид. Сопствениците, на најголемиот тур оператор во Турција Татил будур, Џијан Сарај, и локалниот туроператор о дБТБ, Сејфедин Куртиш, и двајцата со потекло од Македонија, се задоволни што по 4 годишно истражување на турискиот пазар ќе стартува...
Post Views: 0
Во раните утрински часови во охридската чаршија е исечено зимзелено стебло. Станува збор за бор кој растеше пред Вип во комплексот Летница. Ова не е прв пат да се сечат дрва околу овој комплекс. Минатата година на платото кај Летница беа исечени две дрва. Томе Џамтоски, портпаролот на ЛС, за новото исечено дрво информира дека е одтсрнето со одобрение на Комсијата за сечење на дрва.
„Во конкретниот случај стеблото е со длабока старост и со трулеж. Најдобро е што е одстрането и се разбира на барање на АД Охридтурис, се наоѓа на нивна кастастарска парцела. Побарана е дозвола,...