• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Министерот Сугарески: Финансиска поддршка за нови нискобуџетни линии на охридскиот аеродром

Министерот Сугарески: Финансиска поддршка за нови нискобуџетни линии на охридскиот аеродром

Министерот за  транспорт и врски од Охрид најави финансиска поддршка за нови нискобуџетни линии на охридскиот аеродром. Граѓаните ќе патуваат по ниски цени до многу метрополи, а на охридско струшкото крајбржје ќе доаѓаат повеќе туристи. Викендов во Охрид слетаа и првите гости од Турција со чартер линијата Истанбул – Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 

Авиосообраќајот во земјава и регионот ќе се унапредува, најави од Охрид, Горан Сугарески, македонскиот министер за транспорт и врски. Воспоставувањето на новата чартер линија Истанбул Охрид е доказ дека Македонија е атрактивна за сите авиокомпании, рече Сугарески кој беше дел од дочекот на туристите од Турција со првиот чартер лет.

„ Да најавам дека наскоро ќe има јавен повик за финансиска поддршка за ниско буџетни компании кои ќе понудат нови авиолинии. Со тоа ќе им овозможиме на македонските граѓани да летаат по ниски цени до многу метрополи. Охридскиот аеродром ќе го промовираме за нискобуџетни компании и да го ставиме во функција со искористување на неговите капацитети за што повеќе туристи да ја посетат Република Македонија“, рече при тоа министерот Сугарески.

 

Инаку, викендов на охридскиот аеродром слетаа 180 туристи од Турција со првата чартер линија Истанбул-Охрид.

„Прв пат доаѓам во Охрид. Летот беше добар. За овој град не знам многу, но очекувам одличен престој“. „Благодарам за дочекот. Многу убаво се чусвствува . Почестени сме“. „Прв пат сум тука. Од Истанбул летаме. Охрид ме асоцира на езерото , тврдината ,црквите. Тврдината ќе е првото место што ќе го посетам“, велат турските туристи.

Со чартер линијата Истанбул- Охрид ќе се лета во и од Охрид еднаш неделно до 23 октомври. Со три нови сезонски дестинации ќе се лета и за Варшава, Талин и Ајндховен покрај летовите за Амстердам, Брисел, Катовице, Тел Авив, Базел , Лутон.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top