Светскиот ден на танцот ќе се одбележи и во Охрид

Светскиот ден на танцот ќе се одбележи и во Охрид. Младинскиот  културно образовен центар Соната организира музичко хуманитарен хепенинг. На   Dance Battle ќе танцуваат членови од стидото за танц, а може да се приклучат и сите кои го сакаат танцувањето. 

 |  Валентина Неловска  | 

 

Охридскиот младински културно образовен центар „Соната“ утре ќе го одбележи Светскиот ден на танцот. По тој повод на градскиот плоштад во 13:00 часот за прв пат ќе се организира Dance Battle. Dance Battle е натпревар помеѓу двајца танчери или два тима на танчери кои танцуваат три рунди на музика која однапред не им е позната, а за која веднаш треба да направат кореографија, појаснува Даниел Наумоски инструктор по танц. Учество ќе земат членови на Студиото за танц кое работи во рамките на МКОЦ Соната, а кои веќе се потврдиле на бројни меѓународни натпревари, но има можност да се пријават сите  кои сакаат да се приклучат на еден ваков начин на забава и демонстрација на танцовите вештини, додава Наумоски.

„Не се само наши членови, туку се поканети да танцуваат сите кои имаат желба за танцување и да се појават на градскиот плоштад. Тука ќе може да ги демнострираат своите вештини, тоа што го знаат и умеат “, вели Наумоски.

Успешната танцувачка приказна на Соната трае во изминативе 11 години, а првата танцова школа во земјава е формирана во далечната 1978 година во Охрид под раководство на танцовиот инструктор Коле Петкуќески, раскажуава Наумоски. Младинскиот културен образовен центар Соната, пак, постои една година и брои околу 200 членови, кажува Наумоски.

„Охриѓани се многу талентирани. Соната е една од подобрите школи во Македонија. Може да се пофалиме дека охридските танчери високо котираат не само зо земјава туку и надвор, но нема можности да се претставиме надвор. Финансиски чини многу и во Охрид нема компании да помогаат “, вели Наумоски.

Меѓународниот ден на танцот се прославува на 29-ти април во чест на Жан-Жорж Новер, основачот на модерниот балет. Од 1982-рата познати имиња од областа на танцот пишуваат пораки кои се читаат насекаде низ светот. Оваа година пораката за Европа ја има напишано Охад Нахарин, познат кореограф од Израел, кој меѓу другото рече дека „танцувањето е спојување со моментот. Танцот е всушност се што слушате и го претварате во чувства и му давате содржина на сето тоа, “ стои во пораката на Нахарин.
Инаку, музичкиот настан ќе има и хуманитарен карактер. На градскиот плоштад ќе бидат поставени кутии на Црвен крст Охрид наменети за собирање донации за итно лекување на малата Мила во Кина.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top