Охридскиот студенски дом ќе работи со полн капацитет

Студенскиот дом „Никола Карев“ ќе работи со полн капацитет оваа академска година. За станарите на домот ќе важат протоколи за спречување на пандемијата според препораките на Комисијата за заразни болести. Студентите кои ќе се сместат во домот мора да ги почитуваат правилата меѓу кои се забраната за групирање на станарите и посетите во домот.

 |  Валентина Неловска  | 

Охридскиот студенски дом „Никола Карев“ ќе работи со полн капацитет во новата академска година. Станарите на домот ќе мора да ги почитуваат протоколите на Комисијата за заразни болести за да се спречи ширењето на ковид 19, информира Жарко Куциноски, директор на студенскиот дом.

Моментално се врши вселување на станарите во домот и апелираме да ги почитуваат мерките. Да  носат заштитни маски, да нема групирање на студентите , да нема  физички контакт при поздравување, а е забранет и влез за родителите/старатели на студентите – истакна Куциноски.

За редот и дисциплината ќе се грижат редари од домот. Тие ќе внимаваат станарите да ги почитуваат и применуваат правилата. Меѓу забраните за групирање на станарите и посетите во домот има правила за користење на студенската менза каде што ќе седат на секоја маса по двајца студенти на оддалеченост од 2 метри. Правила има и во сместувањето во собите каде ќе може да бидат сместени 2-ца до 3-ца студенти.

Засега нема насоки и правила дека треба да се вакцинирани или тестирани студентите. Мора да  носат заштитна маска и  вработените и студентите кога се движат низ студенскиот дом – додава Куциноски.

Доколку се појави заразен студент или има контакт со заразено лице со ковид 19 ќе биде изолирано во посебна просторија и ќе мора да носи заштитна маска. Директорот е обврзан случајот да го пријави до Центарот за јавно здравје за понатамошни насоки.

Во СД Никола Карев се примени 70 домашни студенти, а од октомври се очекуваат и странски студенти од програмата Еразмус плус од Факултетот Апостол Павле и од Факултетот за туризам и угостителство Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top