Автор: Валентина Неловска

Метална препрека со мрежа ќе се поставува и на реката Черава

Post Views: 3 Метална брана со заштитна мрежа ќе се поставува на реката Черава за ад се спречи тешко разградлив пластичен отпад да заврши во водите на Охридското езеро. Реката Черава, која тече низ Албанија и се влева во езерото кај Љубанишко поле со себе носи дел од огромни количини разновиден отпад кој е натрупан покрај нејзиното корито. Отпадот кој завршува во речното корито е одраз на ниското ниво на култура на локалното население, непочитување на природата, реките, езерото кои често се користат како депонија. Македонските еколози со години апелираат Општините Охрид и Поградец...

Continue reading

мрша

Жители од селото Орман бараат решавање на комуналните проблеми

Post Views: 23 Жителите од селото Орман го запознаа секретарот на општината  Димитар Спасески со два посериозни еколошки проблеми. Орманци  во моментов се соочуваат со фрлање на пцовисан добиток во атарот на нивното село. На тој начин несовесни сточари ја загадуваат околината, а во опасност ги доведуваат земјоделските посеви со градинарски култури, стоката и водата за пиење, реагираат жителите на Орман. Неодамна, спас од еколошкото загрозување побарале од надлежните институции, но мршата само била поместена 100-тина метри понатаму од првичната локација. Орманци бараат Локалната самоуправа...

Continue reading

fff

Фестивалот на францускиот филм со симпатии проследен во Охрид

Post Views: 6 Фестивалот на францускиот филм со симпатии проследен  во Охрид Црвениот тепих пред Центарот за култура, синоќа, сепак беше распослан за традиционално, по 6 -ти пат  да ги дочека француските филмаџии и љубителите на францускиот филм.  Со проекција на филмот Ангела и Тони започна вториот дел на фестивалот на францускиот филм во Охрид по свеченото отварање во Скопје. Фестивалот го отворија охридскиот градоначалник Никола Бакрачески и француската амбасадорка во Македонија, Лоренс Ауер, а гости беа претставници од Каен, Нормандија,со кои Охрид има кулурни врски, режисерката...

Continue reading

teatar

Охридски гимназијалци го покажаа актерскиот талент

Post Views: 8 Средношколци од Св. Климент Охридски ја изведоа театарската претстава  „Ветувањата на големите градови и тагата на малите градови“. Актерската група,  составена од седумина охридски средношколци и осумина  млади актери од Берлин, одигра претстава на македонски и  англиски јазик. Оваа заедничка претстава е резултат на нивното учество на театарската работилница што се одржуваше во Охрид. Соработката помеѓу охридската гимназија и Вензел форумот од Берлин  беше воспоставена во месец октомври лани, а денес продолжи во Охрид. Гимназијалецот Никола Буџакоски, член на училишното...

Continue reading

На ниско ниво комуналната хигиена на плажата Канео

Post Views: 3 Запоставена е јавната хигиена на крајбрежниот простор под црквата Канео. Посетители реагираат дека просторот на една од најатрактивните локации во градот не заслужува таков третман. Расфрлани штици од делови од поранешните платформи кои ги користел концесионерот на плажата, бетонски парапетчиња, преполни метални корпи и расфрлани отпадоци е сликата со која се соочуваат туристите кои доаѓаат по сувоземниот пат кој води покрај крајбрежјето под црквата Канео. ТВМ Телевизија се обрати до „ЈП Охридски Комуналец“ со прашање зошто не ги празнат корпите со отпад и не ја одржуваат...

Continue reading

ффф

Францускиот филмски фестивал ќе почне во Скопје, а ќе заврши во Охрид

Post Views: 3   6-то издание на Францускиот филмски фестивал ќе почне во Скопје со филмот „Ками повторува“ на Наоми Лавовски, а ќе заврши во Охрид со „Последната изборна програма“ на Бернар Стора. Фестивалот стартува вечерва во Скопје и по два дена ќе продолжи во Охрид, со проекции и врачувањето на наградата за животно остварување, кажува Зоран Велјаноски Летра, извршен директор на Францускит филмски фестивал. Велјаноски ги појасни причините зошто фестивалот кој почнуваше во Охрид овој пат има  нова концепција.   „ Техниката е причина за ваквата одлука. Квалитетот на најсовремената...

Continue reading

Општина Охрид со над 1 милион евра е на шесто место во земјава по наплата на данок на имот

Post Views: 9 Општина Охрид има нешто повеќе од 1 милион евра просечна годишна наплата на данок на имот. Според висината на наплата на данок на имот, општината  е на шесто место во земјава, веднаш после скопските општини, Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба. Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето и базата на податоци за пресметан и наплатен данок на имот за сите општини во земјава за 2017, 2018 и 2019 година. Во овие три години во општина Охрид се инкасирале нешто над 1 милион евра во просек годишно од приход од данок на имот. Само седум општини во...

Continue reading

mrsa

Во Чекоштина, фрлена мрша од пцовисано теле, можен извор на зараза

Post Views: 8   Фрлена мрша од пцовисано теле, можен извор на зараза.  Во атарот на  селото Орман, во месноста Чекоштина се шири неподнослива реа и ужасна глетка наместо видик кон езерото. Покрај мршата крајно несовесен сточар се ослободил и од други животински отпадоци.  Александар Станоески, од селото Орман, вчера во попладневните часови во непосредна близина на селската црква Св. Наум, ја забележал фрлената мрша. Станоески напоменува дека ова не е прв пат на ова место несовесни сточари да се ослободуваат од пцовисани домашни животни и ја загадуваат околината. „ Пцовисаната мрша...

Continue reading

eo

Охридските училишта задоволни од резултатите од екстерното тестирање

Post Views: 3 Средните и основните училишта ги добија резултатите од екстерното оценување. Обработените тестовите од екстерното оценување не покажуваат големи осцилации и отстапки помеѓу оценките добиени на тестирањето со оние на наставниците. ТВМ ги контактираше сите директори на основните и средни училишта во градот. Првите луѓе на средните општински училишта се задоволни од резултатите добиени од екстерното оценување. Јане Цаноски, директор на ЕМУЦ „Св. Наум Охридски, напоменува дека резултатите од екстерното ги добиле вчера и во тек е изработката на анализата на резултатите и ...

Continue reading

upisi

Прв уписен рок-слободни над 1100 места во охридските средни училишта

Post Views: 0 Во трите општински училишта денес стартуваше првиот уписен рок за прием на завршените основци. Во општина Охрид  бројката за прием на новата генерација средношколци е 1112 ученици. За 442 завршени основци ќе има место во ОСУ „Св. Климент Охридски“, 364 места се слободни  во ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, а во „Ванчо Питошески“, тој број е 306.  Во ОСУ „Св. Климент Охридски се предвидени 13 паралеки, од кои 8 со 272 ученици за упис во гимназијата, во економската, правната и трговската струка 4 паралелки со 136 ученици, а во медицинскaта и оваа година ќе се запишат  34 ученици....

Continue reading

Бројот на регистрирани станоиздавачи е во нагорна линија во општина Охрид

Post Views: 2 Се менува бројот на регистрирани станоиздавачи од мал обем во регистерот за категоризации на општина Охрид. Постојано пристигаат барања за нови категоризации и за продолжување на решенијата од колку бришење на станоиздавачите од регистерот, напоменува Илкер Мустафа од одделението за туризам при ЛС. Не самошто има раст на станоиздавачи кои нудат сместување на охридското крајбрежје туку од година в година расте и квалитетот на категоризација на сместувачките објекти. „Поголем број од категоризациите се со комфорт. Физичките лица согласно Правилникот се категоризираат со...

Continue reading

Galicica

Вратите на инфо центарот во НП Галичица отворени за посета

Post Views: 3 Опремен и отворен за посетителите  инфо центарот во НП Галичица. Од почетокот на годината кога профункционира па досега го посетиле 15-тина организирани групи  учесници на конгреси и семинари во Охрид, напоменува Огнен Достиноски  раководител на секторот за одржлив туризам и екологија во НП Галичица. Во едукативна посета биле и  основците од неколку охридски училишта. „Промотивен материјал за флората, фауната и културно историските богатства во паркот има доволно. Околу еден час трае  презентацијата за посетителите во инфо центарот, а  околу пола часа се оди по патеката....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top