Вратите на инфо центарот во НП Галичица отворени за посета

Вратите на инфо центарот во НП Галичица отворени за посета.

 |  Валентина Неловска  | 
Galicica
Galicica

Опремен и отворен за посетителите  инфо центарот во НП Галичица. Од почетокот на годината кога профункционира па досега го посетиле 15-тина организирани групи  учесници на конгреси и семинари во Охрид, напоменува Огнен Достиноски  раководител на секторот за одржлив туризам и екологија во НП Галичица. Во едукативна посета биле и  основците од неколку охридски училишта.

„Промотивен материјал за флората, фауната и културно историските богатства во паркот има доволно. Околу еден час трае  презентацијата за посетителите во инфо центарот, а  околу пола часа се оди по патеката. Презентацијата во инфо ценатрот е интерактивна, мсе водат  дискусии за што поголема едукација за паркот“. 
Galicica
Странците позаинтересирани за  посета на Галичица и инфо центарот во НП отколку охриѓани, вели Достиноски. Сеуште не задоволува заинтерсираноста на мештаните слободното време или  викендите да ги искористат за престој во паркот. Од друга страна, пак  неодамна реномирана книжарница од Амстердам, Холандија  побарала информативен материјал , туристичка мапа на патеките во паркот.
 Дома пак еколошката свест на поединици за хигиената на паркот и понатака е загрижувачка. Пред само 10 -тина дена било спроведено чистење на паркот од кој биле подигнати 500 камиони ѓубре. Сеуште постои контраст во однесувањето на поединците кон хигиената на националниот парк, од мошне внимателен до крајно несовесен, појаснува Достиноски.

„ Едуакцијата  за чистота на паркот која се води кон посетителите исто така терба да се применува и кон локалното население и градот Охрид.  На една трибина на која беа присутни охриѓани прашавме кој не бил на Галичица, половина од присутните никогаш не биле на терените на планината. Сите луѓе треба да ги чувствуваат приридните убавини како свои и преку едукативните предавања тоа би требало да го  осознаат“.

Покрај едукативните посети на инфо центарот, користењето на патеките низ паркот за спорт и рекреација посетителите може и да кампуваат во дивина. Засега уреден простор со вода за пиење и санитарен чвор со капацитет од 20-тина кампери е изводливо само на Корита. Од идната година простор за кампување во дивина ќе се уредува и на Асанџура. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top