Охридски гимназијалци го покажаа актерскиот талент

Охридски гимназијалци го покажаа  актерскиот талент

 |  Валентина Неловска  | 
teatar
teatar

Средношколци од Св. Климент Охридски ја изведоа театарската претстава  „Ветувањата на големите градови и тагата на малите градови“. Актерската група,  составена од седумина охридски средношколци и осумина  млади актери од Берлин, одигра претстава на македонски и  англиски јазик. Оваа заедничка претстава е резултат на нивното учество на театарската работилница што се одржуваше во Охрид. Соработката помеѓу охридската гимназија и Вензел форумот од Берлин  беше воспоставена во месец октомври лани, а денес продолжи во Охрид. Гимназијалецот Никола Буџакоски, член на училишното драмско студио, веќе има слично актерско  искуство од гостувањето во Берлин, а е задоволен од можноста што  учествуваше на театрската работилница во Охрид и во  денешната претстава.
teatar
„ Работевме врз текст од наши идеи. Добивме прво една реченица од која ние направивме наш текст, го претворивме во сцени и се се склопи во една драма. Работевме кратко, четири дена, но се испадна супер. При импровизацијата не е тешко, си помагаме меѓусебе, се е сведено на импровизација и на наши идеи. Ништо не е напишано се е во нашите глави и се правиме директно на сцена“.

Кетрин Годеке и Ролф Златар беа театарските ментори на младите ученици-актери. Годеке е полна со пофални зборови кон младите талентирани луѓе. Тие ја одушевиле  со нивниот ентузијазам, мотивација и пријателски однос кој започнал уште во Берлин. Кетрин Годеке открива како го  избрале насловот на денешната претстава.

teatar„ Почнавме со споделување на лични приказни и заедно одлучивме што ќе биде тема на изведбата. Многу добро соработувавме и напорно работеа. Сите го дадоа најдоброто од себе. Љубопитна сум како тоа ќе го изведат на сцена. Сигурна сум дека ќе е феноменално“.
 
Започнатата соработка помеѓу „Вензел форумот“ Берлин и гимназијата „Св. Климент Охридски“ ќе продолжи, заеднички се желбите и напорите. Најави во таа насока има и од Локалната самоуправа која вети поддршка на започнатата соработка за да прерасне во традиционална размена на театарски искуства.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top