Post Views: 4
Од ЈП Нискоградба негираат дека испуштиле фекални води во езерските води во близина на Капетанија. Некои граѓани и портали јавуваа за испуштање на фекални води во езерото по вчерашните врнежи. Написите беа поткрепени со видео снимка и фотографии. Ваквите тврдења ги демантираат од претпријатието, посочуваат дека проблемот настанал по прегорување на пумпата од шахтата каде што се собира атмосферската канализација, информира Ѓоко Довлев од ЈП Нискоградба. „ Ние имаме секундарен колектор ако беше така ќе ја пуштевме во секундарниот колектор целата фекална вода, а не во...
Post Views: 11
Драстично пораст на бројот на охриѓани кои боледуваат од тиреотоксикоза. Станува збор за болест кога штитната жлезда работи нормално но количината на хормонот тироксин е зголемен од нормалното ниво во крвта. Се манифестира со нарушување на метаболизмот, губење на тежина, зголемено потење, чувство на топлина, лупање на срцето, несоница. Во општина Охрид од ова заболување минатата година биле регистрирани 1537 лица. Ова се податоци кои ги обаработиле во одделот за социјална медицина при Центарот за јавно здравје а пристигнале од амбулантите и поликлиничкиет установи. ...
Post Views: 1
Институциите немаат евиденција на куќи кои се во фаза на распаѓање во стариот дел на градот. Објектите опасни се за минувачите, а штета прават и на соседните куќи кои се во нивна непосредна близина. Не само што не се знае точниот број на објекти туку спорни се и наделжностите кој треба да ги сруши ваквиет објекти. Според Законот за прогласување на Старото градско јадро за споменична целина сега се добива впечаток дека ингеренциите не се точнопрециизрани. Од Завод и музеј велат дека дозвола за рушење се издава според пропишан режим ако станува збор за објект ставен...
Post Views: 8
Пред охридските советници по втор пат ќе се најде Предлог одлука за исплата на долгот на ОУ Григор Прличев кон ЕВН за потрошена електрична енергија. На ова ОУ, повторно му се заканува исклучување од електрично напојување заради 4 неисплатени сметки. Директорката Силвија Мојсоска потврдува дека училиштето од ноември месец не ги има подмирено сметките, кои просечно изнесуваат околу 400.000 денари за потрошена струја по месец.
Основното училиште подолго време се соочува со блокирана жиро сметка, заради судско извршно решение. Решението е за експроприрано земјиште,...
Post Views: 17
Патронажните сестри посетиле 120 лица во руралните средини во Охрид и Дебрца. Од почетокот на акцијата 5 март досега се прегледани овие лица во руралните средини, информира в.директорката на Здравствен дом, д-р Катерина Димитрова. Проектот е во рамките на „Здравје за сите“, кампања на ресорното министерство. „ Посета се врши на стари и изнемоштени лица кои тешко имаат пристап до здравствениот систем. Патронажните сестри со возила на Здравствен дом со претходно најава се договараат за терминот на посетата па тогаш и ја прават посетата, посочува д-р Димитова....
Post Views: 8
Охридски и словенечки ученици по готварство подготвија заеднички ручек. Во кујната на средното угостителско училиште Ванчо Питошески вредните ученици работеа заедно на подготовка на традиционални рецепти, се дружеа и запознаваа. Учениците од словенечкото Ново Место беа во двонеделна работна посета на сродното охридско училиште. Од оваа соработка се задоволни и словенечките и охридските ученици. „Пробавме македонско тавче гравче , македонска риба, вкусна храна поинаква од онаа што ја имаме дома. Прекрасно е да се вкусат други јадења“, кажува Патришиа Лекша.
„Искуствата ...
Post Views: 6
Синдикалната кошничка за месец мај 2021 година е зголемена за 180,00 денари во однос на месец април 2021 година. Според Сојузот на Синдикати на Македонија, вредноста на синдикалната минимална кошница за мај 2021 година изнесува 34.156,00 денари. Само за последните два месеци таа е зголемена за повеќе од 400,00 денари, вели Стевчо Маслов, секретар на регионалната канцеларија на Сојузот на Синдикати на Македонија од Охрид.
„Ако продолжи со вакво темпо на зголемување во просек од 200, 00 денари месечно до крајот на годинава нема да бидат доволни ни три минимални плати...
Post Views: 3
Симона Кркачоска, шесто одделенка од ОУ„ Живко Чинго“ од Велгошти, е дел од 8-те учесници кои ќе настапат на ораторските средби во чест на Григор Прличев. Својата вештина за сценски настап ќе ја презентира со изведување на дел од поемата „Сердарот“ од охридскиот втор Хомер. „ Очекувам да се изразувам слободно и да не се плашам додека глумам или рецитирам пред други луѓе, споделува Симона за своите очекувања од овој натпревар.
Ѓоко Чингоски, директор на ОУ „ Живко Чинго“ од Велгошти го поздравува овој настан. Напоменува дека е значаен за децата да се дружат, но...
Post Views: 8
На улицата Петар Чаулев денес се менуваше оштетена бандера на Телеком. На столбот има мрежа од кабли од телефонски жици, но и на кабловските оператори. Од Телком се надеваат дека денешниот зафат е последниот од бројните оштетувања настанати од снежното невреме. Граѓаните кои имаат сознанија за други оштетувања на бандери, а за кои Телеком засега нема сознанија е отворен за соработка со граѓаните. Дефектите може да се пријавуваат на безплатниот број 0 800 12345. Раководителот на регионалниот центар на Телеком, Никола Дуданов ги појаснува нивните ингеренции во делот...
Post Views: 1
Во охридскиот вакцинален пункт тече без застој имунизацијата на граѓаните. Досега се вакцинирани преку 32.000 граѓани од регионот. Пријавените граѓани се имунизирале со различни вакцини како Синофарм, Синовак, Астра Зенека и Фајзер во зависност од испорачаните вакцини.
Граѓаните кои се пријавиле на постоечкиот сајт не чекаат долго за закажување на термин за вакцина.
Горан Балев, директорот на охрдската Општа болница, информира дека на закажаните термини луѓето не чекаат долго. Во моментов, граѓаните се имунизираат со вакцината на Синофарм. Досега не се забележани несакани...
Post Views: 7
Објектот на поранешното училиште Св. Сава станува морничава руина. Зградата е во стариот дел на градот и во непосредна близина на oсновното училиште Св. Климент Охридски. Објектот не само што застрашува со изгледот туку станува опасен за голем број ученици кои го користат пократкиот приод до школото Св Климент, а и за минувачите кој поминуваат покрај овој објект.
„ Да редовно минувам и не е безбедно. Паѓаат ќерамиди, стакла. Би требало д а се поправи и за изглед, навистина да се поправи, вели охриѓанка која го користи овој пократок пат.
ТВМ го контактираше...
Post Views: 6
Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – “Свети Стефан” ќе инвестира во подновување на установата. Директорката на кардиолошкиот завод, д-р Изабела Афтовска Наумоска информира дека во 2015 ќе инвестираат во немедицинска опрема за разлика од лани кога инвестирале во медицинска опрема и едукација на медицинскиот кадар. Директорката објаснува дека со сопствени средства ќе инвестираат во купување агрегат за струја и подновување на болничката перална.
„ Оваа година приоритетот ставивме на немедицинската опрема....