Аларамантен пораст на заболени охриѓани од тиреотоксикоза

 Аларамантен пораст на заболени охриѓани од тиреотоксикоза.

 |  Валентина Неловска  | 
социјална медицина
социјлана медицина

Драстично пораст на  бројот на охриѓани кои боледуваат од тиреотоксикоза. Станува збор за болест кога  штитната жлезда работи нормално но количината на хормонот тироксин е зголемен од нормалното ниво  во крвта. Се манифестира со нарушување на метаболизмот, губење на тежина, зголемено потење, чувство на топлина, лупање на срцето, несоница. Во општина Охрид  од ова заболување минатата година биле регистрирани 1537 лица. Ова се податоци кои ги обаработиле во одделот за социјална медицина  при Центарот за јавно здравје а пристигнале од амбулантите и поликлиничкиет установи.  Др Слободанка Коцевска специјалист по социјална медицина ги посочува статистичките податоци од 2005 година и 2014. Во 2005 година биле евидентирани 67 болни, а во 2014 бројот на тиреотоксиокоза пораснала на 1537 лица.
центар за јавно здравје
„ Ако го пресметаме индексот во 2014 година со 2005 тој изнесува 2294 посто што значи дека за повеќе од 2000 пати е зголемен бројот на болни од ова заболување. Што не е случај  со заболувањето каде има  дефицит од јод , каде што се само 100 посто зголемени. Кај тиреотоксикозата имаме изразито зголемување што треба да  не загрижува“, подвлекува Др Коцевска.

Според податоците кои ги има обработено  Др Коцевска информира дека од болеста не се поштедени ни децата. Среќа во несреќа е што бројот на заболени деца останал ист , 4 во 2005 и исто толку  во 2014 година. Но,  возрасната граница се спуштила од 15 до 19 во 2005 , на 10 до 15 годишна возраст  во 2014, напоменува др Коцевска. Од презентираните податоци сепак се гледа дека  најчесто на удар од ова заболување се жените во педесетите години. На прво место со 25,6 посто се жените на возраст од 55 до 64 години, а на второ место е возрасната група од 45 до 54 години, со  22,1 посто, подвлекува Др Коцевска.  

„Уште нешто што паѓа во очи е што стапката  е далеку поголема кај жените од колку кај мажите. Значи на 1000 жени  44,3 жени боледуваат од тиреотоксикоза, а  на 1000 мажи само 6,8  боледуваат од ова болест“, посочува Др Коцевска.
лаб
Алармантните податоци кои доаѓаат од одделението за социјална медицина при Центaрот за јавно здравје не се за занемарување. Од таму напоменуваат дека во последниве 10 години многу ретко лекарите специјалисти  покажувале интерес за статистичките податоци за сите заболувања кои ја покажуваат здравствената слика на охриѓани. Од ваквите  статистички податоци се изненадени и интернистите од кои побаравме мислење на што се должи оваа состојба, кои се причините и што ќе се преземе.

„ Тиреотоксикозата или хипертиреозата  се должина зголемено лачење на хормон во крвта како резултат на стресни ситуации и резултат на автоимуните  заболувања како што се Базедовата болест или токсичниот аденом“, посочува Др Анѓелеска.

Специјалистот интернист Др Лилјана  Анѓелеска која повеќе од 6 години работи на ендокрините заболувања во Општа болница Охрид, вети дека ќе стапи во контакт со службите од Центарот за јавно здравје со цел да се испита ситуацијата и да се алармира ресорното Министерство за да се истражат  причините за хипертиреозата.   
Состојбата со  тиреотоксикозата е алармантна и во општина Дебар, таму процентот на зголемување е над 3000 пати. Во 2005 година биле регистрирани 7 заболувања, а во 2014 година 220 случаи. Во соседна Струга нема податоци затоа што лекарот за социјална  медицина  заминал во пензија. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top