Автор: Валентина Неловска

peperutki

Бакрачески: Градот презема стратегија за справување со белите пеперутки

Post Views: 1 Граѓаните загрижени од појавата на белата  ноќна пеперутка во Охрид. Се почесто има реакции на граѓани кои тврдат дека добиле алергиски рекации од  овој вид инсект. Од охридскиот Центар за јавно здравје, епидемилогот др.Јoвaнка Стурлакова Корoвешоска пoсочува дека од добиената информација  од  ентемологот од Природно математичкиот факултет  и од  Земјодeлскиот факултет станува збор за ноќна пеперутка жолтомеска, која во литературата позната како дефолијатор. Таа често се појавува во Македонија, но има одредени периоди од годината кога доаѓа до нејзино пренамножување...

Continue reading

komarci

Во Охрид не е извршена дезинсекција од земја

Post Views: 11 Општина Охрид  сеуште не го спровела земјеното прскање против комарци за оваа летна сезона. Доцни исполнувањето на  законската обврска на општината која произлегува од Законот за заштита на населението од  заразни болести. И додека се чека да се реализира овој зафат во ноќните часови во Охрид  има наезда од инсекти во разни делови од градот, а  посебно е видливо покрај кејот на езерото. Охриѓани се зачудени од појавата на бели ноќни пепрутки кои во роеви се појавуваат околу осветлувањето на кејот. За оваа појава граѓаните коментираат дека надлежните треба да консултираат...

Continue reading

spasiteli

Само половина од охридските плажи покриени со спасители на вода

Post Views: 1 Кој како од концесионерите на плажите  води сметка за  почитување на  безбедноста на капалиштата. Од 41 плажа на охридското крајбрежје само 22 -ца  концесионери кои стопанисуваат со плажите го почитуваат законот.Тие обезбедиле посматрачница,  ги обележале пливалиштата сопловаци  и ангажирале спасители на вода, информира Сашо Точков од ОО ЦК.Плажите на Градиште 2 и 3 , Бела Виста, Партизан, Силекс,  Младост и Извиднички …., Точков  ги набројува оние плажи кои се без спасители на вода. Од Црвен крст , се единствено надлежни за покривање на плажите со стручно обучени спасителски...

Continue reading

kajakari

Охридските кajaкари од клубот Стрмец чекаат на ред за кајак и весло

Post Views: 0 Кајакарскиот клуб Стрмец е еден од двата градски клуба и во последно е привлечен за младите спортисти кои го бираат кајакот за спортување. Двесет млади спортисти од неодамна се членови во овој клуб кој има традиција долга скоро  7 децении. Во моментов  кајкарскиот клуб е во добра кондиција и брои околу  40 членови, вели претседателот  и државен  селектор на кајакарите Раде Попоски. Попоски открива како се справуваат  40-те кајакари кои може да тренираат на 20 -тина кајаци набавени пред повеќе од 2 децении.    „ Чекаме на ред и за весло и за кајак.Посакувам  да имаме...

Continue reading

сдсм

Младите социјал демократи од Македонија добија поддршка од европските колеги

Post Views: 6  Обуки со странски предавачи одржаа младите социјал демократи од Македонија. Целта е подготовка на младите за политичко делување во  рамките на младите и партијата, вели претседателот на СДММ , Стефан Богоев. На обуките добиле поддршка од организациите во кои членуваат, а усвоиле и резолуција за поддршка на СДММ И СДСМ.  „Покажавме и докажавме дека на светот му  е јасно дека во Македонија владее еден авторитарен режим, нешто што е недозволиво да се случи во срцето на Европа и Балканот. На сите  им е  јасно дека ова не е битка меѓу власта и опозицијата туку е битка на...

Continue reading

galeb

АД „Галеб“ наскоро ќе вози на уште две меѓународни линии

Post Views: 49 Во текот на летната сезона автотранспортното претпријатие „Галеб“ воведува неколку меѓународни линии покрај  стандардните. Патниците од  Охрид ќе може да патуваат два пати неделно со автобус до Белград и  Нови Сад, кон црногорското приморје од Улцињ па се до Херцег Нови. Исто така Галеб два пати неделно вози патници за Германија, а на таа линија може да се превезуваат патници и до  Марибор, Словенија и Салцбург, Австрија. Во прекин е линијата Охрид – Софија заради нерентабилност, но во процедура се  добивање на две дозволи за воспоставување на меѓународни линии....

Continue reading

soobrakajka

Четири животи згаснаа во директен судар кај Колари

Post Views: 3 Татко и две девојчина, од кои едно  бебе, а другото на две години, како и возач на товарно моторно возило ги загубија животите во тешка сообраќајната незгода кај селото Колари.  Трагичната несреќа се случила синоќа околу 18 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар при  директен судар на патничко возило марка Волво и товарно моторно возило Форд. Автомобилот Волво во кое се наоѓале членови на семејство од селото Зајас, се движело од Гостивар кон Кичево, а пикапот марка Форд се движел во спротивна насока. Причините за сударот сеуште се утврдуваат, информира Стефан Димоски...

Continue reading

ld

Политичари од западен Балкан разменуваат идеи за иднината на регионот

Post Views: 5 Една од најважните алатки за изградба на институциите и граѓанското општество се медиумите.  Регинот на Западен Балкан се соочува со проблеми  со слободат ан амедиумите и нивниот квалитет. Политичари од западен Балкан разменуваат идеи за иднината на регионот.  Регионот има проблем со слободата на медиумите. Без поинакви медиуми тешко дека ќе се достигне минимумот за изградба на јаки и одговорни институции, подвелекува Соња Лихт  претседателката на  Белградскиот фонд за политички развој. Таа е учесник на семинарот за регионалните академии за демократија од Западен Балкан. ...

Continue reading

„Откровение Захариево“ е првото авторско дело на Златко Попоски

Post Views: 0   Промовирана книгата „Откровение Захариево“ од Златко Попоски. Авторот Попоски ги доближува до читателите поучните начела од најголемите светски религии, христијанската, еврејската и муслиманската. Во неа се поместени цитати и мудри беседи од светите книги Библијата, Куранот и Талмудот. Попоски започнал да го создава ова дело пред 2 децении, но како што вели, требало да помине време за да созреат услови за објавување на книгата. Религијата била присутна во неговото семејство со векови и по таткова и по мајчина страна. Попоски раскажува дека го посетил Ерусалим два пати,...

Continue reading

belo leto

„Бело лето“ убаво замислена манифестација во која треба да се вложува

Post Views: 2 Стартот на летната сезона 2015 официјално ќе се означува утревечер. Во манифестацијата Бело лето 2015 се вклучуваат кластерот за туризам и охридски занаетчии,  сето пропратено со музика. Во туристичката презентација на градот и околината покрај занаетчиите активно се вклучуваат и други даватели на услуги. Кластерот за туризам ЕДЕН на туристите во рамки на Бело лето ќе нуди дел од своите туристички содржини кои се сепоинтересни за странските туристи. Меѓу нив се планинарење и возење на велосипеди на Галичица,  јавање на магариња, кајак, учество во подготовка на традиционални...

Continue reading

Станува алармантно семејното насилство во Охрид

Post Views: 0 Алармантна станува појавата на семејно насилство меѓу охриѓани. За само 6 месеци од почетокот на оваа година се пријавени 70 случаи на семејно насилство, информираат од охридскиот Центар за социјална работа. Ајтен Мусли, директорката на центарот, вели дека секојдневно пристигнуваат пријави од полицијата по кои постапуваат социјалните работници. Насилство се случува без разлика на социјалниот статус на  семејтсвото.   „Нема врска кој се пријавува насилство, доктори, адвокати, кој се пријавува е чудо невидено. Интелектуалци, не е класа со пониско обрзование или без доход,...

Continue reading

kajcina

Се бара начин да не згасне дејноста кајчар

Post Views: 2 Законската недореченост која се заканува да ја збрише дејноста кајчар ќе се најде пред пратенците. Градоначалникот Никола Бакрачески денеска се сретна со претставници од охридските кајчари на нивно барање.  На средбата присуствувале и претставици од Државниот пазарен иснпекторат и секторот за ТЛЕР.  Се бара начин да не згасне дејноста кајчар, препознатливиот охридски бренд, напоменуваат од  Локалната самоуправа. Во текот на денешниот ден е доставено барање до  министерството за економија за измени и надополнување на законот за туристичка дејност за да се реши во моментов...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top