Политичари од западен Балкан разменуваат идеи за иднината на регионот

Политичари од западен Балкан разменуваат идеи за иднината на регионот.

 |  Валентина Неловска  | 
ld

ldaЕдна од најважните алатки за изградба на институциите и граѓанското општество се медиумите.  Регинот на Западен Балкан се соочува со проблеми  со слободат ан амедиумите и нивниот квалитет. Политичари од западен Балкан разменуваат идеи за иднината на регионот.  Регионот има проблем со слободата на медиумите. Без поинакви медиуми тешко дека ќе се достигне минимумот за изградба на јаки и одговорни институции, подвелекува Соња Лихт  претседателката на  Белградскиот фонд за политички развој. Таа е учесник на семинарот за регионалните академии за демократија од Западен Балкан.  Зa демократската атмосфера во региoнот Лихт со став.

„На нашите простори и понатака имаме проблеми со општествата кои градат демократско уредување. Институциите ни се слаби. Она што ме загрижува е како политичките елити да не разбираат добро  колку е важно да се изградат институциите и процедурите за да имаме стабилни и развиени општетсва. Со слаби институции не ќе имаме развиено стопанство“, потенцира Лихт.

Регионот во моментов се соочува со сериозни предизвици  кои не се само од  национален, регионален туку и од глобален карактер. Лихт го посочува проблемот со бегалците од земјите зафатени со војна и терор  за кои не само балканските земји туку и економски поразвиените од Европа и светот не се подготвени за спарвување со оваа ситуација. Лихт посочува и на еконсмки потреси како што се случувањата во Грција. Додава живееме во време на нови и брзи предизивици од безбеднсои и еконсоки области,а без јаки институции и одговорни политички елити  тешко ќе се справиме со проблемите.  

Регионалните академии за демократија се одржуваат трета година по ред. Се дискутира на различни теми. Одржувањето на семинарите на кои се вклучени Академиите  за демократија е место каде што млади и активни полиитчари од целиот регион ќе разменуваат важни теми за иднината на регионот.
 
„Ние како домаќини ќе се потрудиме да овозможиме и солидна меѓусебна социјализација потребна за да работи  на заеднички проекти во регионот. За тоа мора максимално да се познаваат. Ние ќе работиме  на таа компонента за  нивно вмрежување за работа на проекти од различни области“, напоменува локалниот коордиантор на Регионалната академија за демократија Миле Алексоски.

Учесници на семинаорт  се сите школи  за политички студии од Западен Балкан. Семинарите се поддржани од Европската Комисија, а учествуваат политичари од земјите на поранешните ЈУ Републики, Албанија и Косово. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top