Бакрачески: Градот презема стратегија за справување со белите пеперутки

 Бакрачески: Градот презема стратегија за справување со белите пеперутки.

 |  Валентина Неловска  | 
peperutki

peperutkiГраѓаните загрижени од појавата на белата  ноќна пеперутка во Охрид. Се почесто има реакции на граѓани кои тврдат дека добиле алергиски рекации од  овој вид инсект. Од охридскиот Центар за јавно здравје, епидемилогот др.Јoвaнка Стурлакова Корoвешоска пoсочува дека од добиената информација  од  ентемологот од Природно математичкиот факултет  и од  Земјодeлскиот факултет станува збор за ноќна пеперутка жолтомеска, која во литературата позната како дефолијатор. Таа често се појавува во Македонија, но има одредени периоди од годината кога доаѓа до нејзино пренамножување како што е моменталниот случај во Охрид, подвлекува Коровешоска.

„Возрасните пеперутки не напаѓаат, не создаваат молци, не се штетни за населението, но се штетни за  шумарството и овоштарството. Возрасните  пеперутки според податоците во литературата не би требало да предизвикуваат алергиски реакции туку нивните ларви доколку се фатат со раце. Препорака е до населението да не ги допираат за да се избегнат алергиските реакции“, потенцира епидемиологот Стурлакова  Коровешоска.

peperutkiГрадот презема стратегија за справуавње со оваа појава, напоменува првиот човек на Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески. Веќе направивме контакти со Центарот за јавно здравје,Институтот за биологија, управата за ветеринарни работи  и     Заводот за епидемиологија, вели градоначалникот. Во текот на денот ќе направат идентификација на инсектот, изворот на појава  и последиците по околината и човекот, како и мерки за справување со овој проблем, вели градоначалникот Никола Бакрачески.
„ Од нив добив уверување дека денес ќе има Стратегија за справување со овој проблем која треба да не е штетна за другите живи сушетства, но и  првенствено по човекот и околината. Кога се прави ерадикација таа  не треба да се одрази штетно на околината и човекот“, напоменува Бакрачески.

Дезинсекцијата против овој инсект се очекува да стартува за ден-два , напоменуваат и од охридската Локална самоуправа и од Центарот за јавно здравје.    

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top