Во Охрид не е извршена дезинсекција од земја

 Во Охрид не е извршена дезинсекција од земја.

 |  Валентина Неловска  | 
komarci

комарецОпштина Охрид  сеуште не го спровела земјеното прскање против комарци за оваа летна сезона. Доцни исполнувањето на  законската обврска на општината која произлегува од Законот за заштита на населението од  заразни болести. И додека се чека да се реализира овој зафат во ноќните часови во Охрид  има наезда од инсекти во разни делови од градот, а  посебно е видливо покрај кејот на езерото. Охриѓани се зачудени од појавата на бели ноќни пепрутки кои во роеви се појавуваат околу осветлувањето на кејот. За оваа појава граѓаните коментираат дека надлежните треба да консултираат ентомолог од  Земјоделскиот институт во Скопје за да се утврди видот на овие инсекти.  Од Локалната самоуправа велат дека знаат за појавата која според нив не е сериозна.

„Во тек на изминатите 2-3 работни дена стигнаа реакции од загрижени, совесни граѓани за појавата на инсектите. Разговаравме со стручните лица кои упатија смирување нема опасност туку е само непријатна ситуација“, вели Танески од Локалната самоуправа.  

peperutkiСпасот од  комарците, кои се преносители на заразни болести, како и  од остантите досадните инсекти како што се мувите, скакулците, крлежите, а сега и од ноќните пеперутки, за кои се претпоставува дека се губари, посебно опасни за  дрвјата, се гледа во прскањето со инсектициди.  

Во мај и јуни во два наврати  на територија на општина Охрид имаше аеросолна  авионска дезинсекција  која  ја спроведуваа Министерството за транспорт и врски и министерството за здравство. Од Локалната самоуправа побаравме одговори зошто тие доцнат со земјеното прскање. Информираат дека им пропаднал првиот тендер за избор на фирма за дезинсекција ама во тек е втор за кој очекуваат дека ќе биде успешен.

„Јас не сум во одделението за јавни набавки, но има позитивни вибрации од таму. Да почекаме 7  дена и неколку работни дена па ќе соопштиме кој е избран на тендерот, а целта е несаканите појави да исчезнат“,  посочува Танески.    
 
Од Центарот за јавно здравје, пак, велат дека доколку се избере фирма за прскање и сега  не е  доцна да се интервенира. Лани општината во месеците јуни и јули реализира две прскања од земја, а за таа намена беа потрошени околку 900.000 денари.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top