Post Views: 2
Ацо Димитриески, познатиот охридски филигранист вели во Охрид филигранскиот занает во моментов е во нагло изумирање. Тој повеќе од 2 децении изработува филигрански накит и ја продолжува семејната традиција на неговите дедо и прадедо Диноски, стара повеќе од 200 години. Во последниве 5 години никој од помалдите не се инетерсира да го учи занаетот. Во моментов на прсти може да се избројат млади филигранисти. Во занаетчиската комора нема само филигранисти туку изработувачи на накит и бижутерија, додава Димитриески.
„ Интересот за изучување на филигран е многу слаб....
Post Views: 0
Одржана јавна расправа за прогласување на Студенчишко блато за парк на природата. Градоначалникот Кирил Пецаков, кажа дека на негова иницијатива се организирани оваа и неколку средби претходно со сопствениците на имоти и Министерството за животна средина и просторно планирање.
Сфатив дека има нејаснотии меѓу сопствениците и МЖСПП и оние кои ги предложуваат законските решенија. Увидов дека не се поклопуваат работите кои ги перцепираат сопствениците и законските решенија – истакна Пецаков.
Томе Ѓорески, претставник на мнозинството на граѓани сопственици на имоти...
Post Views: 7
Разни видови мебел, покуќнина па дури и еден лаптоп се донирале за охридските семејства во социјален ризик минатата година. Во рамките на проектот „ Се грижиме за Топол дом“ кој се спроведува во општина Охрид биле реализирани 8 донации, а имало 15 барања за помош, информира социјалниот работник Горан Поп Марков од центарот за социјални работи. Граѓаните кои барале помош имале потреба од бела техника , но оние кои сакале да помогнат најчесто пријавуле донации на мебел.
„ Полесно се доаѓа до покуќнина, мебел, шифоњери, каучи, фотелји, а многу потешко се доаѓа до...
Post Views: 2
Атрактивните новоизградени куќи во локалитетот Мегдани во населбата Рача немаат фекална и атмосферска канализација. Локалитетот се наоѓа во рамките на НП Галичица на патот кој води кон Велестово и станува се поатрактивна населба за изградба на куќи за живеење но и за викенд објекти. Населбата се наоѓа веднаш над Билјанини извори кои пак подолго време се загадуваат со патогени бактерии.
„ Може да кажам дека некои делови од Мегдани во Рача не е во рамките на каналзиационата мрежа. Правиме напори во 2016 година да се обезбеди нова канализациона мрежа и за ова месноста ...
Post Views: 0
По 9-ти пат членвите на српско- македоското друштво Коштана од Охрид го прославија парзникот Св Сава. За српката заедница во Охрид парзникот Св Сава има посебно значење, напоменува Сречко Стојановиќ претседател на српско – македонското друштво Коштана.
„ Св. Сава се издвојува од другите светители како еден од поважните во нашата историја. Тој е прв дипломат кој успеал од Византија да ја издвои Печката патријаршија како самостојна српска православна црква “ подвлекува Стојановиќ.
Во Коштана има околу 320 членови кои заеднички го одбележуваат и празнуваат Св...
Post Views: 3
Од февруари почнува „Подгответе се за TOEFL тестот“ новата едукативна програма во реализација на Црвен крст Охрид. Подготовките з атестот ќе бидат по симболична цена , а програмата ќе се спроведува во наредните два и половина месеци, информира Мимоза Ставрева од ОО ЦК.
„ Нудиме сосема поразлична програма од досегашните. Наменета не само за најмладите, туку и за студентите и вработените кои имаат потреба од ваква подготовка. Верувам дека пошироката јавност е запознаена со самата содржина на тестот, затоа што е баран за сите оние кои сакаат да го продолжат своето образование...
Post Views: 0
Се одлага јануарскиот старт на изградба на совремeниот градски пазар. Градежната фирма АД„Илинден“ најавува нов термин за старт на изградбата на градскиот пазар. Темелите најверојатно ќе се поставуваат во месец февруари или најдоцна до почетокот на месец март.
Досега од АД Илинден доцнењето со градењето го лоцираа кај институциите каде што чекале одобренија , како што се Министерството за транспорт и врски и во НУ Завод и Музеј. Од Завод и музеј тврдат дека нивната работа е завршена.
„Завод и Музеј и Управата за заштита на културното наследство ги издадоа сите...
Post Views: 2
Присуство на бактерии во неколку селски водоводи во охридско покажале последните аналзи за испитување на кавлиетот на водата. Од Ценатрот за јавно здравје информираат дека ешерихија коли и ентерококи има во водата за пиење во Свиништа, Завој, Куратица, Опејнца, додека во Ливоишта, Вапила и Косел нема бактерии, но водата хемиски не одговара според Правилникот за безбедност на водата за пиење. Неисправноста доаѓа заради нехлорирањето на водата. Ова не е новост бидејќи подолго време анализите од Ценатрот за јавно здрвје покажуваат неисправна вода за пиење заради присуство...
Post Views: 0
Од Националната установа Завод за заштита на спомениците и музеј Охрид најавуваат продолжување на повеќе започнати проекти кои ресорното министерство финансиски ги поддржува во охридско – струшкиот регион. Одвоени се пари за конзервација на фрескоживопиот во црквите Богородица Захумска, Св. Ѓорѓи во Струга и Богородица Перивлепта,
Пред две години беа стопирани архeолошките истражувања на Самоиловата тврдина кои годинава продожуваат да се реализраат.
„ Продолжуваме со археолошките истражувања за да се довршат внатрешните археолошки истражувања во еден дел...
Post Views: 1
Водата од Билјанини извори и понатака не е за пиење. Секој понеделник службите од Центарот за јавно здравје земаат мостри за испитување на водата од Билјанини извори. Резулататите од 11 јануари покажaле дека во водата повторно е присутна бактеријата ешерихија коли или како што информираат од центарот за јавно здрвје има присуство на свежо загадување од фекалии. За континуираното присуство на патогени бактерии во водата на Билјанини извори од Центарот за јавно здравје испратиле информации до Институтот за јавно здравје, до Агенцијата за храна и ветеринарство, Кризниот...
Post Views: 2
Матурантите од средните училишта денес започнаа со полагање на екстерно тестирање. Тестирањето ќе се одвива од денес, 25-ти до 29-ти јануари. Матурантите ќе полагаат по два предмети. Утрово, во некои охридски средни училишта имало доцнење, но подоцна испитот завршил во ред, информираат директорите на четирите општински средни училишта.
Ѕвонко Трпески, директор на гимназијата Св.Климент Охридски информира дека во нивното училиште екстерното тестирање почнало навреме и немало никаво доцнење. Се се одвивало според акциониот план на ресорното министерство. Во термините...
Post Views: 3
Од почетокот на годинава до 22 јануари охридската полиција евидентирала 14 кражби. Од нив седум се класифицирани како обични кражби, 5 како тешки, а две тешки кражби во обид, информираат од СВР Охрид. Крадците оперирале во домови и продавници, но обивале и автомобили. При тоа одзеле златен накит, пари, парфеми, телевизиор ЛСД, велосипед поштенско сандаче, па дури и канта со сирење. Од возилата краделе акумулатори, гориво и радио уреди. Имало и тешки кражби во обид но при тоа не уккрале ништо. Полицијата открила двајца сторители на тешки кражби, а останатите случаи...