Во водата во Билјанини извори пак присутна бактеријата ешерихија коли

Во водата во Билјанини извори пак повторно присутна бактеријата ешерихија коли.

 |  Валентина Неловска  | 
biljanini izvori

Водата од Билјанини извори и понатака не е за пиење. Секој понеделник службите од Центарот за јавно здравје земаат  мостри за испитување на водата од Билјанини извори. Резулататите од 11 јануари покажaле дека во водата повторно е присутна бактеријата  ешерихија коли или како што информираат од центарот за јавно здрвје има присуство на свежо загадување од фекалии. За континуираното присуство на патогени бактерии во водата на Билјанини извори од Центарот за јавно здравје испратиле информации до Институтот за јавно здравје, до Агенцијата за храна и ветеринарство, Кризниот штаб за управување со кризи и до Локалната самоуправа.

izvori Инспектoрите од Агенцијата за храна и ветеринарство пред неколку месеци донесле решение за  поставување на  табла со која се предупредува дека  водата за пиење во Билјанини извори не е дозволена. Јавноста пак,  се прашува,  што ќе преземат институциите за да ја заштитат водата од понатамошно загадување. Одговор на ова прашање побаравме  од Локалната самоуправа. Прашавме дали откриле од каде доаѓа загадувањето и дали населбата над Билајнини извори е причина за загадувањето на водите. Oд локалната самоуправа информираат дека ги поврзуваат куќите кои не се приклучени на градската канализација. Иако неколку години овој проблем е присутен нема бројка колкав е бројот на куќи кои се со септички јами.

вода„Во моментов не располагам со бројка, но законот за легализација на дивоградбите кој е во тек им дава право на диво изградените објекти на овој потег да се легализираат. Согласно легализацијата се прави план и динамика за нивно приклучување на градската канализација и атмосферска мрежа. Во моментов не распологам со бројка, но со секторот за урбанизам може да се утврди таа бројка. Но,  поголем број од објектите околу Билјани извори се на градската мрежа приклучени. Ќе се прават напори да се реши проблемот за да не доаѓа до мешање на подземните води“ , вели Љупчо Танески портпарол на Сектор за комунални дејности, сообраќај и улици.

Со посебен план  на секторот за комунален развој во 2015 година биле поврзани куќи на канализационата мрежа, а за 2016  година предвидени се повеќе средства за домаќинствата кои гравитираат на овој потег да се приклучат на градската канализациона мрежа, информира Љупчо Танески портпрол Сектор за комунални дејности, сообраќај и улици.  

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top