Продолжуваат археолошките истражувања во Љубанишко поле и Самoиловата тврдина

Продолжуваат археолошките истражувања во Љубанишко поле и Самoиловата тврдина.

 |  Валентина Неловска  | 
perivlepta

Од Националната установа Завод за заштита на спомениците и музеј Охрид најавуваат продолжување на повеќе  започнати проекти кои  ресорното министерство финансиски ги поддржува во охридско – струшкиот регион. Одвоени се пари за конзервација на фрескоживопиот во црквите Богородица Захумска, Св. Ѓорѓи во Струга и Богородица Перивлепта,

 perivleptaПред две години беа стопирани архeолошките истражувања на Самоиловата тврдина кои годинава продожуваат да се реализраат.

„ Продолжуваме со археолошките истражувања  за да  се довршат внатрешните археолошки истражувања во еден дел од  Цитаделата кој остана недоистражен. Ќе се санира и еден дел од бедемот на Самоиловата тврдина, сектор 5, на потегот од Горна Порта кон Плаошник, како дел од надвижното културно наследство“, посочува директоркаат Тања Паскали Бунташеска.   

Ќе продолжат археолошките истражувања на Плаошник  кој годинава треба да завршат, а  исто така и кај Дебој на потегот пред влезот на црквата Св Богородица Перивлепта. Најави за продолжување на истражувања има и за Љубанишко поле.

perivlepta„ Археолошки истражувања ќе има и во Раица манастириште. Тоа е трета фаза за истаржувањата кои на тој локалитет почна да се прават последните две години, а сега би требало  да се довршат“, напоменува Паскали Бунташеска.

Ресорното министерство досега одобри обнова на  13 објекти, а  годинава ќе се продолжи со уште 6. Од нив во старото охридско градско јадро ќе се зајакнува статиката, кровот и фасадите на 4 куќи, а во струшкото градско јадро ќе се обноват два објекти.   

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top