Одржана јавна расправа за прогласување на Студенчишко блато за парк на природата

На јавната расправа сопствениците на имоти во оваа зона даваат поддршка на Законот, но најмногу се интересираа за остварување на нивното право за градба. Додека трае постапката за прогласување на парк на природата во заштитената зона не смее да се гради, децидни од ресорното министерство.

 |  Валентина Неловска  | 

Одржана јавна расправа за прогласување на Студенчишко блато за парк на природата. Градоначалникот Кирил Пецаков, кажа дека на негова иницијатива се организирани оваа и неколку средби претходно со сопствениците на имоти и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Сфатив дека има нејаснотии меѓу сопствениците и МЖСПП и оние кои ги предложуваат законските решенија. Увидов дека не се поклопуваат работите кои ги перцепираат сопствениците и законските решенија – истакна Пецаков.

Томе Ѓорески, претставник на мнозинството на граѓани сопственици на имоти во оваа зона, кажа дека го поддржуваат Законот за прогласување на парк на природата, но имаат одредени барања до надлежните институции и министерството за животна средина и просторно планирање.   

Во исто време согласно Законот и Планот за управување сакаме да се усогласат заедничките интереси со цел да се одржи вредноста на приватните имоти, да се овозоможи одржливо користење и активнсоти кои овозможуваат економски просперитет на сопствениците – вели Ѓорески.

Во зоната на одржливо користење на Студенчишкото блато, 90 отсто од имотите се во приватна сопственост на граѓаните, кои се интересираа дали во Правилникот кој е дел од Планот за управување е дозволено да се градат објекти за домување. Додека Студенчишкото блато е под привремена заштита, да се применува највисокиот режим на заштита, децидни од Министерството за животна средина и просторно планирање.

При изработката на планот за управување кој ќе се изработува со засегнатите страни, случај по случај, на јавни расправи ќе се утврдат начините за остварување на личните права во оваа зона – информираат од Министерството за животна средина.

На јавната расправа беше презентирана и Студијата за валоризација за Студенчишкото блато која се работеше од 2020 година. Студенчишкото блато е девастиран простор кој има можност да биде ревитализиран, а се протега на 60 хектари и е мошно значајно за природните вредности на Охридското езеро.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top