Се донира мебел, а социјално загрозените семејства имаат потреба од бела техника

Се донира мебел, а социјално загрозените семејства имаат потреба од бела техника.

 |  Валентина Неловска  | 
topol

Разни видови мебел,  покуќнина па дури и еден лаптоп се донирале за охридските  семејства во социјален ризик минатата година. Во рамките на проектот „ Се  грижиме за Топол дом“ кој се спроведува во општина Охрид биле реализирани 8 донации, а имало 15 барања за помош, информира  социјалниот работник Горан Поп Марков од центарот за социјални работи.  Граѓаните кои барале помош имале потреба од бела техника , но оние кои сакале да помогнат најчесто пријавуле донации на мебел.

goran„ Полесно се доаѓа  до покуќнина, мебел, шифоњери, каучи, фотелји, а многу потешко се доаѓа до бела техника, фрижидери, машини з а перење, шпорети. Според направената анализа тие работи недостигаат, а потешко се доаѓа до нив. Тоа се работи кои се поскапи и не секој може да подари такви донации“, вели Поп Марков.

 Центарот за социјални работи трета година по ред го  реализира проектот  во општина Охрид со помош на Министервото за труд и социлјна политика и Локалната самоуправа. Подарените покуќнинa, мебел и  бела техника до семејствата на кои име се донираат  се превезуваат со помош  на ЈП Охридкси Комуналец , напоменуваат од Центарот за социјални работи.

„ Битно е донациите да се исправни и функционални затоа што претходно пред да се доделат ги проверуваме. Доколку се во ред и во добра состојба ги проследуваме според списокот на барателите“, вели Поп Марков.

Во изминативе две години во Охрид биле реализирани 40 -тина донации. Од Ценатрот за социјални работи годинава очекуваат исто така охриѓани да се вклучат во проекот „Се грижиме за топло дом“ и да донираат. Со тоа хуманите луѓе ќе им  помогнат на семејствата  кои имаат потреба од помош во мебел и бела техника. Донациите може да ги пријавуваат на телефон 046 257 495.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top