Автор: Валентина Неловска

Продолжува хаосот со такси превозот во Охрид

Post Views: 0 Охридските такси превозници одбиваат да ги возат граѓаните на релации низ градот. Во трката за поголема заработувачка прифаќаат да возат само кон плажите. Хаосот во такси превозот се повторува секоја летна сезона кога за охриѓани на пеколните горештини услугите од таксистите се недостапни. Не ретки се и случаите на наплата по двојно па дури и тројно повисока цена од вообичаената тарифа. Градските власти во Охрид велат дека не можат да стават крај на оваа појава. Тоа прашање не е за нашите инспекциски служби. Немаме начин и методлогија да провериме дали на секој граѓанин...

Continue reading

Јасна Ристеска во ослободувањето на Охрид загинала трагично на ридот Чекоштина

Post Views: 7 Денес, Охрид го слави 7- ми Ноември, денот  на ослободувањето. Пред 72 години, во партизанскиот напад врз германските  војски, на 7 ноември 1944 година меѓу борците кои учествувале во нападот била и младата партизанка Јасна Ристеска.  Јасна  е родена во село Рамне во 1927 година, а  загинала кај Чекоштина.  За 17 годишната девојка, денес  малкумина охриѓани знаат каде е точното место на нејзината погибија. На трагичниот настан од Втората Светска војна, денес  живо се сеќава Стојан Стојаноски, од село Орман, тогаш момче на 13 години. Стојаноски раскажува дека  селаните...

Continue reading

Селата во охридско стануваат се попривлечни за странците

Post Views: 2 Странците се повеќе се заинтересирани за посета на руралните населби во околината на Охрид.  Селата опкружени со прекрасна природа  и традиционалната гастрономска понуда се интересни за странските гости. Жителите од руралните населби се повеќе се свртуваат кон развој на селскиот туризам. Тие се повеќе инвестираат во изградба на нови капацитети кои се нудат на туристичкиот пазар. Едно  од охридските  села во кое започна да се развива алтерантивниот туризам  е селото Куратица.  „Селото Куратица е лидер во развојот на алтернативниот туризам, не само во овој регион туку...

Continue reading

Општина Охрид бара начини да се справи со затекнатиот долг

Post Views: 18 Долгот на општина Охрид е огромен финансиски товар за почеток на нови инвестициски зафати, вели градоначалникот Кирил Пецаков. Локалната власт ќе бара начини како да функционира понатаму во комплицираната финансиска ситуација со долг од 22 милиони евра. Ќе мора да најдеме решение, да се погрижиме за брзо време да функционира успешна наплата во даноците на имот и порамнување. Ќе имплементираме еден софтвер за наплата на даноци кој ќе ни ја даде јасната слика за кого и на кој начин се наплатувале даноците во општина Охрид. Ќе биде неселективен и прецизен, изедначен со...

Continue reading

Граѓаните кои имаат проблеми со авинското снимање да се обратат до канцеларијата на Народниот правобранител

Post Views: 0 Охриѓани кои имаат проблем со авионското снимање и нивниот имот не се поклопува со катастарските парцели по авионското  снимање се повикуваат во канцеларијата на  Народниот правобранител. Вакви проблеми со авионското снимање има во цела Македонија, вели државниот советник Зоран Бимбилоски. Смирува дека секој поединечен случај ќе биде разгледан. Потоа ќе се сугерира начинот како понатака да се постапува освен со парнична постапка, која изискува трошоци. Постои можност делумно со последните измени во Законот за катастар и запишување на права на надвижности да се сугерира...

Continue reading

Народните правобранители од регионот разговараат за проблемите на бегалците

Post Views: 3 Народните правобранители од регионов во соработка со другите институции разговараа за проблемите на бегалците. Со досегашните извештаи од Тирана и Белгрaд , а и овој од Охрид, ќе упатат повик до властите да се усогласат процедурите со меѓународното право и националните права на земјите од рутата за полесно да се менаџира со бегалската криза. Бараат да нема нарушување на правата на жените, децата и бегалците. За состојбите во Македонија со бегалската криза  Народниот правобранител Иџет Мехмети истакна дека во двата прифатни центри има 220 бегалци и еден центар за баратели...

Continue reading

Охриѓани реагираат надлежните споро ги носат деталните урбанистички планови

Post Views: 12 Споро се носат деталните урабанистички планови, реагираат засегнатите граѓани. Посебно со овој проблем се соочуваат граѓаните  кои поседуваат  неизградено градежно земјиште во централното градско подрачје во блокот Ривиера. Тие се жалат дека се  оштетени од општината. Кажуваат дека 8 години по враќањето на нивните имоти со денационализацијата од 2008 година плаќаат  данок на имот и по 1500 евра годишно, а  урбанистичкиот план никако да се донесе. Во тој случај тие бараат да бидат ослободени од плаќање на данокот се додека не се изготви урбанистичкиот план за  урбан...

Continue reading

Екологистите се против градење на најавениот Авантуристички парк на Плаошник, од Тлер тврдат ќе нема никави нарушувања

Post Views: 3 Eколошките граѓански организации отворено го искажуваат ставот дека се против идејата на општината Охрид да гради авантуристички парк во шумата кај Плаошник, над плажата „Лабино“. Од граѓанската платформа „Охрид SOS“ истакнуваат дека проектот „Waternet,“, е во рамки на погранична соработка на  Охрид и Воден, а  со цел да се промовира важноста на водата, да се развие прекугранична заштита на водните средини и да се засили едукацијата. Според екологистите изградбата на авантуристички парк во шума нема да придонесе за исполнување на овие цели. „Општина Охрид, без никаква...

Continue reading

На улицата Железничка наскоро ќе се постават семафори на раскрсницата со Кленоец и Егејска

Post Views: 1 На раскрсницата на Железничка со Кленоец и Егејска наскоро  ќе се постават  семафори. Ова е одговорот кој го доби советничката  Верица Хајба која го  праша градоначалникто Никола Бакрачески  кога ќе се реализираат ветувањата дека на магистаралниот пат Железничка  ќе се зголеми безбедноста на граѓаните со поставување на семафори. „ Ветувавте дека старите семафори по завршување на кружните крстосници на Туристичка ќе ги поставите на Железничка, дека правите проект и објавувате тендери и барате мислења за ова решение“, праша Хајба. Градоначалникот Никола Бакрчески одговори...

Continue reading

Во селските водоводи во охридско и понатака тече неисправна вода за пиење

Post Views: 0 Селските населби и понатака се снабдуваат со небезбедна вода за пиење. Во селските водоводи  тече нехлорирана вода за пиење. 90 посто од контролираните  примероци од селските водоводи не се за употреба и има забрана за пиење. Водата е без дезинфекционо средство  или со недоволен хлор, кој треба да го содржи  според Законот за безбедност на вода, велат од Центарот за јавно здравје. „ Не може да се каже дека некаде има постојано хлор , освен во селските водоводи кои  ги контролира Проаква и се   приклучени на градскиот водовод“,  информира броматологот Сашо Точков. Извештаите...

Continue reading

Пчеларите од охридскиот регион се соочуваат со намалени приноси од мед

Post Views: 2 Охридските  пчелари не се задоволни од годинешната реколта и  ја отценуваат како катастрофална. Годинава од кошниците извадиле едвај до 6 килограми мед, а во поволните години  приносите од мед достигнувале и до 20 килограми од кошница. Пчеларите се соочуваат со променливи временски услови кои не  одат во прилог на  медарството, но и со болестите кај пчелите, информира за состојбите во пчеларството долгогодишниот пчелар  Тони Јосифоски.  Викендов пчелар од Љубаништа останал без сите 80 кошници со пчели како резултат на  болеста нозематерана.  Пчеларите се почесто се соочуваат...

Continue reading

Загрижува зголемениот број на случаи од мозочен удар во Охрид

Post Views: 0 Акција за едукација на охриѓани како да превенираат и навреме да препознаат мозочен удар. Здужението за борба против мозочниот удар заедно со Црвен крст одржаа акција која предизвика голем интерес кај граѓаните. Случајно анкетираните  граѓани ги прашавме дали редовно го контролираат своето здравје.МНогу од нив потрдуваат дека сооглед на возраста водат грижа за здравјето.  Загрижува стапката на нови случаи од мозочен удар и во Охрид и во земјава. Во Македонија годишно има 6000 случаи со мозочен удар, а во моментов  16.000 македонци се борат со последиците од мозочен удар....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top