Народните правобранители од регионот разговараат за проблемите на бегалците

Народните правобранители од регионот разговараат за проблемите на бегалците.

 |  Валентина Неловска  | 

Народните правобранители од регионов во соработка со другите институции разговараа за проблемите на бегалците. Со досегашните извештаи од Тирана и Белгрaд , а и овој од Охрид, ќе упатат повик до властите да се усогласат процедурите со меѓународното право и националните права на земјите од рутата за полесно да се менаџира со бегалската криза. Бараат да нема нарушување на правата на жените, децата и бегалците. За состојбите во Македонија со бегалската криза  Народниот правобранител Иџет Мехмети истакна дека во двата прифатни центри има 220 бегалци и еден центар за баратели на азил. Во центрите и понатка има несоодветни услови за престој, но и доцни со земање на изјави на лица кои се држат како сведоци во одредени постапки како трети лица.  Бараме низ процедура тие постапки да се забрзаат,  за лицата слободно да се движа  или со други процедури да се депортираат од Македонија  или да поднесат барање за азил, подвлекува Мехмети. Во центарот за азил во Македонија поднеле  40 тина лица.

„Има уште еден проблем во центарот со кои се соочуваат беглаците. Лицата  кои побарале азил , се сместени во кампови и се отвар апрашањето дали во тие транзитни центри има услови додека трае постапката за азил дали ги остваруваат  нивните права? Ве информирам дека тоа не е случај и не  е во ред. Инсистирам тие што побарале азил да се префрлат во транзитниот центар во Скопје додека добијат азил таму има подобри услови од другите центри“, напомена Мехмети.    

Пред доаѓањето на зимата и студот се бараат начини како да им се помогне  на Владите за тие да ги подобрат условите во центрите, велат од регионалната канцаларија на УНХЦР. Мохамад Ариф од  регионална канцаларија на УНХЦР во Скопје се заблагодарува на македонските власти кои на вистинските баратели на азил ги префрлаат од центрите во транзитниот центар во Визбегово.

„Што се однесува до долгорочното решение за 220 беглаци, оние кои сакаат да поднесат баарње за азил ќе бидат префрлени во Центарот во Визбегово, а за останатите од организацијата ИОМ имаат програма со неколку опции, доброволно враќање во сопствените земји или стандарди за ремисија и нивно враќање во земјата од каде што дошле“, посочува Ариф.

Омбдусманите од регионот дебатираа како да им помогнат на земјите од рутата,  по кулминацијата на бегалската криза во последните 2 години,  на тема „Пристап до правото на азил “.    

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top