• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Екологистите се против градење на најавениот Авантуристички парк на Плаошник, од Тлер тврдат ќе нема никави нарушувања

Екологистите се против градење на најавениот Авантуристички парк на Плаошник, од Тлер тврдат ќе нема никави нарушувања

Екологистите се против градење на најавениот Авантуристички  парк на Плаошник, од Тлер тврдат  ќе нема никави нарушувања.

 |  Валентина Неловска  | 

Eколошките граѓански организации отворено го искажуваат ставот дека се против идејата на општината Охрид да гради авантуристички парк во шумата кај Плаошник, над плажата „Лабино“. Од граѓанската платформа „Охрид SOS“ истакнуваат дека проектот „Waternet,“, е во рамки на погранична соработка на  Охрид и Воден, а  со цел да се промовира важноста на водата, да се развие прекугранична заштита на водните средини и да се засили едукацијата. Според екологистите изградбата на авантуристички парк во шума нема да придонесе за исполнување на овие цели.

„Општина Охрид, без никаква претходна анкета, или испитување на јавното мислење, односно барање согласност од граѓаните на Охрид, нити пак јавно претставување на проектот Waternet, премина во реализација на активностите (изградба на рекреативна патека од Студенчишта до Горица), за да сега најави следна цел, т.н. авантуристички парк во срцето на шумата под калето, местото кое охриѓани го посетуваат за да се релаксираат, пронајдат мир, да уживаат во нечепнатата природа, со преубав поглед кон езерото, стои во реакциите  од „Охрид SOS“.

Ѓоко Апостолов од Тлер ги негира ваквите обвинувања дека се тенденциозни и невистинити. Тој прашува зошто сега се реагира. Изненаден сум ова не  е прв пат во јавноста  транспарентно пред медиумите да ги објавиме нашите намери и планови . 3-4 пати сме обајвувале дека планираме или сме планирале да  аплицираме со проектот за Авнтиристички парк во Лабино, нагласува Ѓоко Апостолов од Тлер.      

„ Не ми е јасно зошто кога сме најавиле дека сме во план да аплицираме за вакви активности  немаше никакви реакции  и желба да се дознае нешто повеќе од овие организации кои ги посочувате “, прашува Апостолов.

Апостолов децидно кажува дека со проектот кој сеуште е во фаза само на апликација нема да има никави нарушувања на  животната средина. Планирано  е за збогатување на туристичката  понуда на градот да се изградат  карпа со елменти з а искачување, сајла за спуштање, патеки, клупи видиковци во Лабино.

„ Предвидено е доколку се добие овој проект, во соработка со Завод и музеј, да бидат поставени елементи кои нема да бараат  поместување на ниедно камче, нема да се исече ни една гранка а камоли дрво, најодговорно тврдам, ништо нема  да се менува во просторот на локацијата, “ тврди Апостолов.

Апостолов нагласува дека се отворени за појаснување и  соработка со сите оние кои се заинтересирани  за овој проект.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top