Автор: Јаковлева Лионела

poetska nok

Расте угледот на манифестацијата Поетска ноќ во Велестово, а институциите ги кратат финансиите

Post Views: 0 Течат завршните подготовки за одржување на манифестацијата Поетска ноќ во Велестово. 26 -то издание на оваа  значајна културна манифестација,  која ги  слави поезијата и уметноста, ќе започне на 15 август  во Велестово. Годинешното издание  е посветено на македонската поетеса, академик Катица Ќулавкова. Традиционално  нејзина поезија ќе се чита на сред село во Велестово. Останатите две вечери ќе се одржуваат во Охрид. На интернационалната вечер гостува поетот од Ирска, Патрик Котер, од Словенија доаѓа Барбара Погачник, а од Црна Гора ќе се претстави поезијата на Тања...

Continue reading

opstina ohrid

Општината со кредит од Светска банка ќе прави капитални проекти

Post Views: 0 Со пари од Светска банка општината ќе прави капитални проекти. Денес за таа цел се одржа јавна расправа која е една од финалните постапки кои ги налага Светска банка пред  одобрување на кредитот. Општина Охрид долгорочно ќе се задолжи во висина од 1милион и 700 000евра. –Целта на овај заем е финансирање на капитални  инвестициски проекти за рехабилитација на некои локални улици  и два локални патни правци како и набавка на најсовремени специјални возила за ЈП Комуналец, вели градоначалникот Никола Бакрачески. Општината ќе има 13 години рок на отплата на кредитот...

Continue reading

oh leto

По седми пат Француска вечер на „Охридско лето“

Post Views: 1 По седми пат Француска вечер на „Охридско лето“. По тој повод вечерва концерт ќе одржат пијанистите  од Франција – Уго Леклер и Елен Котино-Коен.Леклер е француски пијанист кој изградил многу успешна кариера, настапувајќи во најпрестижните концертни сали со реномирани оркестри. Дипломирал пијано, музичка теорија и камерна музика со високи одликувања. Настапува како солист и камерен музичар, а неговиот репертоар го сочинуваат дела од речиси сите епохи. Вечерва заедно со својата колешка ќе изведат дела од Дебиси, Пуланк и Стравински. –Навистина сум среќен што имам...

Continue reading

policija

Полициски службеници и граѓани, синоќа патролираа низ Охрид

Post Views: 1 Полициски службеници и граѓани синоќа  патролираа низ Охрид. Заменик градоначалникот Ангел Јанев, претставници од секторот за образование во локалната самоуправа, претставници од урбаните заедници, од училишните одбори, од советот на родители, наставници, репрезенти од  советодавните групи на граѓани и други заинтересирани институции, синоќа посетија повеќе угостителски објекти и места каде во изминатиов период се случиле кривични дела и прекршоци. Овие заеднички патроли се дел од проектот „Соседска патрола“ кој го спроведува МВР. –Сите што беа поканети на синоќешната...

Continue reading

LS

Јавна расправа

Post Views: 5 Општина Охрид ги поканува месните заедници, и сите заинтересирани правни и физички лица на јавна расправа која ќе се одржи утре, 12ти август, со почеток во 13 часот, во малата сала на општината. На јавната расправа  ќе се презентираат капитални инвестициски програми и тоа:– рехабилитација на неколку улици и два локални патни правци– набавка на специјална опрема за ЈП Охридски Комуналец– и аплицирање на Општина Охрид во рамки на проектите кои се финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка. {loadposition conten...

Continue reading

osnvci gen 1948/49

Учениците од генерацијата 1948/49 со почит возвраќаат на училиштето Григор Прличев

Post Views: 2 Со донација од поранешни ученици, во ОУ Григор Печичев  ќе се доопремат санитарните јазли во старата зграда. Трисеттина ученици од генерацијата 1948/49 собраа парични средства во висина од околу 1500 долари за да го поправат осветлувањето во училишните тоалети. Александар Сталески кој живее во Индијана, САД,  вели дека тој и неговите соученици  се вклучиле во акцијата секој  колку што може. Ние имаме должност кон училиштето кое засекогаш е во нашите спомени,  да бидеме општествено одговорни и да ги подобриме условите во училиштето, во кое сега учат нашите внуци.„ Мене...

Continue reading

turisti

Полека се става крај на проблемите кои ги имаа туристичките водичи во градов

Post Views: 6 Полека ама сигурно се става крај на проблемите кои ги имаа туристичките водичи во градов. Климент Наумов од охридското здружение на туристички водичи „Кеј“ вели дека нивната најголема главоболка а тоа е нелојалната конкуренција се намалува. Согласно Законот за туристичка дејност, туристички водич не може да биде странски државјанин. Тоа може да биде единствено локален водич- лице кое го положило стручниот испит, регистрирано да ја извршува дејноста, државјанин на РМ и со завршено минимум средно образование. –Оваа година сето тоа е ставено на едно повисоко ниво....

Continue reading

vodic

Џенгис Пател е единствен водич кој води бесплатен разглед на Охрид

Post Views: 2 Џенгис Пател е единствениот туристички водич во Охрид кој организира бесплатни разгледи на градот.  Ова не е нова работа во светот, во Европа постои околу 15 години, а слободни разгледи  има во сите поголеми светски градови Барселона, Лондон , Брелин, Париз Белград , Њујорк, кажува Пател. Покрај редовните разгледи, тој веќе 3 години е дел од клубот кој  го применуваат  новиот тренд.  Овој начин на работа потекнува од Германија, поточно од Берлин од туристичкиот водич Сандеман, раскажува Пател. Додава дека е штета да се дојде во Охрид и градот да не се разгледа со водич,...

Continue reading

kafule

Угостителите и оваа сезона мака мачат со вработување на келнери и кувари од Охрид

Post Views: 2 Охридските угостителски објекти мака мачат со вработување на образовани келнери и готвачи од градов. Години наназад повеќето од нив практикуваат ангажирање на угостителски кадар од другите градови посебно од источниот дел на земјава. Овој проблем го потвруваат и од Агенцијата за вработување од Охрид. Од нивната евиденција се гледа дека од 4 196 лица кои бараат активно работа и околу 3500 пасивно , околу 300 се келнери, кувари и угостителски техничари. На спискот кои бараат работа има 90 келнери и дури 170 готвачи. Додека 20 -тина лица се угостителски техничари и хотелиери....

Continue reading

ѕид

Колку е безбедно да се минува под Долни сарај

Post Views: 5 Безбедноста на граѓаните кои минуваат под Долни сарај, повторно актуелизирано со најавата за рушење на Мостот на желбите. Покрај тоа што мостот бил дивоградба, опасноста од одрони кои можат да ги повредат минувачите беше исто така експлоатирано како причина повеќе за отстранување на мостот под сарајот. Од Завод и музеј потсетуваат дека  уште пред една година биле потрошени 3мил. и 300 000ден., средства од Министерството со кои се санирале ѕидните јужни платна кон езерскиот брег и скалите. Од оваа национална установа најавија дека од наредната година по се изгледа ќе...

Continue reading

trusov

Во катедралната црква Св. Софија по трет пат гостува музичкото дуо Трусови

Post Views: 3 На Фестивалот Охридско лето вечерва гостува уште еден виолински виртуоз. Во катедралната црква Св. Софија по трет пат ќе настапува рускиот виолинист Кирил Трусов во пијано придружба на неговата сестра Александра Трусова, информира музичкиот селектор Гордана Неделкова  Јосифоска. „Трусов  е име кое одамна ја достигнало светската слава на престижни музички сцени.Како показател за тоа е неговоиот настап на музичкиот фестивал Вербиер во Швајцарија каде го имаше последниот настап. После Вербиер во Охрид е показател дека Охридско лето ги има најдобрите светски уметници“, кажува, ...

Continue reading

radosti

Oдморалиштето „Радости“ на охридското езеро не е на продажба

Post Views: 8 Детското одморалиште „Радости“  сместено на  охридското крајбрежје не е на продажба. Не е на владиниот список  со кој од вчера  се  продаваат  неколку детски одмаралишта во земјава. Директорот Игор Поповски објаснува дека Републичкиот Сојуз за грижа и воспитување стопанисува и се грижи за одржување на овој  објект кој има 300 легла, а е изграден пред 62 години.„ Сојузот за грижи и воспитување е непрофитна организација и приходите одат во хумани цели. Се трудиме за сите дечињата да  обезбедиме достоен одмор.  Цените за престој се минимални, ретко кое од децата од социјалните...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top