Oдморалиштето „Радости“ на охридското езеро не е на продажба

 Oдморалиштето „Радости“ на охридското езеро не е на продажба.

 |  Јаковлева Лионела  | 
radosti
radosti

Детското одморалиште „Радости“  сместено на  охридското крајбрежје не е на продажба. Не е на владиниот список  со кој од вчера  се  продаваат  неколку детски одмаралишта во земјава. Директорот Игор Поповски објаснува дека Републичкиот Сојуз за грижа и воспитување стопанисува и се грижи за одржување на овој  објект кој има 300 легла, а е изграден пред 62 години.
radosti
„ Сојузот за грижи и воспитување е непрофитна организација и приходите одат во хумани цели. Се трудиме за сите дечињата да  обезбедиме достоен одмор.  Цените за престој се минимални, ретко кое од децата од социјалните установи не поминал тука, како што се 25 Мај, СОС детско село, Домот од Топаанско поле  и од другите институции од социјални категории.  Сите средства што се оставруваат, Сојузот ги користи за  активности наменети за децата, како што се органзиарање на  поетски и ликовни фестивали. Ние сме организатори и на Детската недела“, напоменува директорот Поповски.

 

 

radostiПоповски наведува дека вратите на одморалиштето се отворени за  сите деца, а во дворот на „Радости“  во текот на сезоната  организирано летуваат и престојуваат околу 3000 основци  од сите градови на земјава. 

Покрај организирање на летување во месеците јули и август, тука престојуваат основците кои изведуваат настава во природа или  се на училишни екскурзии. Објектот е во добра состојба но треба реновирање, појаснува Поповски. Тој напоменува дека целосно трошоците за одржување на објектот  се нивна обврска  без финансиска помош  од институциите. За поголеми инвестициони зафати за  реновирање на  објектот се надеваат на помош од општествено одговорни компании.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top