По седми пат Француска вечер на „Охридско лето“

Француска вечер на „Охридско лето“. Оваа вечер по традиција се реализира во соработка со Француската амбасада и Францускиот културен центар од Скопје, и Сосиете Женерал Груп – Охридска Банка. Пред охридската публика ќе настапат пијанистите  од Франција – Уго Леклер и Елен Котино-Коен.

 |  Јаковлева Лионела  | 
oh leto
ох лето

По седми пат Француска вечер на „Охридско лето“. По тој повод вечерва концерт ќе одржат пијанистите  од Франција – Уго Леклер и Елен Котино-Коен.охридско лето
Леклер е француски пијанист кој изградил многу успешна кариера, настапувајќи во најпрестижните концертни сали со реномирани оркестри. Дипломирал пијано, музичка теорија и камерна музика со високи одликувања. Настапува како солист и камерен музичар, а неговиот репертоар го сочинуваат дела од речиси сите епохи. Вечерва заедно со својата колешка ќе изведат дела од Дебиси, Пуланк и Стравински.

Навистина сум среќен што имам прилика да го откријам фестивалот Охридско лето. Ова е мој втор престој во Македонија , претходно настапувава на фестивал во Битола. Ми преставува огромно задоволство што ќе можам да ја  презентирам оваа француско руска програма, вели Леклерohridsko leto.

Леклер ќе го придружува уште една мошне талентирана пијанистка. Елен Котино-Коен е израсната во семејство на џез-музичари. Таа уште од рана возраст почнува да се интересира за музиката. Студира пијано на Конзерваториумот во Париз, а подоцна и на Кралскиот конзерваториум во Брисел. И таа изрази големо задоволство што ќе настапи на „Охридско лето“и тоа на француската вечер која е насловена „Четири раце“. Оваа вечер по традиција се реализира во соработка со Француската амбасада и Францускиот културен центар од Скопје, и Сосиете Женерал Груп – Охридска Банка.

Ми преставува огромна чест што години наназад соработуваме со фестивалот „Охридско лето“. Како плод на таа соработка вечерва публиката ќе има можност да присуствува на уште еден прекрасен концерт, вели Бранко Чобанов- аташе за култура при францускиот институт- Скопје.

Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top