Учениците од генерацијата 1948/49 со почит возвраќаат на училиштето Григор Прличев

Учениците од  генерацијата 1948/49 со почит возвраќаат на училиштето Григор Прличев.

 |  Јаковлева Лионела  | 
osnvci gen 1948/49
osnovci gen 1948/49

Со донација од поранешни ученици, во ОУ Григор Печичев  ќе се доопремат санитарните јазли во старата зграда. Трисеттина ученици од генерацијата 1948/49 собраа парични средства во висина од околу 1500 долари за да го поправат осветлувањето во училишните тоалети. Александар Сталески кој живее во Индијана, САД,  вели дека тој и неговите соученици  се вклучиле во акцијата секој  колку што може. Ние имаме должност кон училиштето кое засекогаш е во нашите спомени,  да бидеме општествено одговорни и да ги подобриме условите во училиштето, во кое сега учат нашите внуци.
gp
„ Мене ми е чест и задоволство,  ова што го правиме е многу хумано од нашата генерација. Би требало да е поттик и за другите генерации од „Григор Прличев“ , но и за другите ученици од „Св. Климент“ и „Братство Единство“ да направат таков чекор и да не следат нас“, кажува Сталески.     

За основното училиште „Григор Прличев“ ги врзуваат убави спомени, раскажува и Љупчо Паункоски. Ние сме првата генерација која по војната дојде да учи во тогаш новата, училишна зграда. Прва генерација сме која го одбележа и 5 деценискиот јубилеј од завршување на основното училиште. Паункоски вели дека на генерациската средба лани се собрале 60-тина соученици, а годинава преку 90-мина. Во донаторската акција се вклучија охриѓани, но  и нивни соученици кои сега живеат во западно европските земји, САД, Австралија.

svetlo„ Не врзуваат убави спомени. Не само што заедно учевме и надвор од училиштето другарувавме. Тоа беше време кога немаше интернет, нити мобилни телефони, сите заедно игравме,си одевме дома. Училиштето ни значеше многу. Бевме сплотени, слободното време го поминувавме заедно. Се јави таа носталгија во рамките на нашиот  скромен буџет ние сме сег апензионери и воова тешко време, одлучивме да одвоиме кој колку што можеме и да помогнеме“, си споменува Паункоски за минатото,  а се навраќа и за мотивот денес.

Директорката на училиштето Силвија Мојсоска  ја поздравува оваа иницијатива на поранешните ученици. Акцијата за реновирање на светлосната инсталација и  таванот е пред самиот крај , вели директорката. За жал, засега  оваа донација  е единствена. Мојсоска се надева дека нивниот пример кој е многу значаен за заедницата, ќе  го следат и други генерации ученици од ова училиште.

„ Од големо значење е затоа што ние немаме доволно средства за да  обновуваваме и да правиме поголеми акции, но со мала помош може училиштата да одат напред. Вреди да се вложува  за  децата и да им се овозможат поубави услови, да се чувствуваат како дома, и да го следиме трендот на западните земји“, напоменува Мојсоска.

Мојсоска највува дека од Локалната самоуправа се обезбедени средства за поплочување на ходниците во старата зграда. Обновувањето на дотраениот хол на двата спрата ќе започне деновиве. До почетокот на школската година , кога се очекуваат околу 1100 ученици од кои 135 првачиња, ќе биде подновен простор од околу 500 метри квадратни.   

{loadposition content9}  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top