Автор: Јаковлева Лионела

Охриѓани, но и гостите кои доаѓаат во градов уште еднаш ја покажаа својата хуманост

Post Views: 0 Охриѓани, но и гостите кои доаѓаат во градов уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Денес тие даруваа крв на традиционалната крводарителска акција која секоја година се одржува по повод големиот празник посветен на патронот на Охрид, Св. Климент Охридски. Покрај нашите редовни крводарители има и неколку кои се од други градови, а кои престојуваат во нашиов град. Тоа посебно не радува бидејќи е показател дека хуманоста се носи секаде со себе и може да се покаже и на друго место не само во градот во кој живееш, вели Васко Ѓоргиески, волонтер во Клуб 25 и ЦК Охрид. На...

Continue reading

Општина Охрид со 300 000 ден. ќе им помага на поплавените

Post Views: 1 Денес се одржа педесет и осмата вонредна седница на Советот на општина Охрид, по предлог на Координаторот на советничката група „Сојуз на иднината“ со единствена точка на дневен ред, Предлог Одлука за спроведување мерки и активности за помош на загрозените семејства и институции погодени од поплавите. На седницата беше искажано сочуство за загинатите во поплавите кои пред два дена го зафатија скопскиот регион, а градоначалникот Никола Бакрачески рече дека изминативе два дена бил во постојана комуникација со Кризниот Штаб, со надлежните во ресорните министерства и со...

Continue reading

Во градинката „Билјана“ сеуште се излеваат фекалии

Post Views: 9 Градинката „Билјана“ сеуште затворена. Откако пред десеттина дена во овој објект од градинката „Јасна Ристеска“ настана хаварија на канализационата мрежа што предизвика појава на фекалии во пералната, децата и вработените принудно беа преселни од Билјана, во градинката Лихнида. Од тогаш интензивно се работи на отстранување на проблемот, но работите многу тешко одат. Дополнително ја комплицира ситуацијата што пералната од градинката всушност преставува приземје на зградата која се наоѓа над градинката, а под неа се наоѓаат подрумите. Цевката за канализација поминува на...

Continue reading

Се уништуваат дворовите на градинката „Јасна Ристеска“

Post Views: 1   Дворните места од објектите на градинката „Јасна Ристеска“, мета на несовесни граѓани. Од градинката се жалат дека најверојатно малолетници бесправно влегуваат, се задржуваат и ги користат дворните површини од објектите на градинката, особено во попладневните и вечерните часови, а притоа прават штета на имотот на градинката. Ги кршат оградите, ги оштетуваат и уништуваат детските игралишта, се качуваат на покривите од објектите, расфрлаат отпадоци од секаков вид во тревниците, ги уништуваат градините, кршат гранки и ги корнат посадените растенија од страна на децата....

Continue reading

Во Пештани повторно почна да функционира амбулантата

Post Views: 1   Во Пештани повторно почна да функционира амбулантата . По пауза од неколку години во оваа здравствена установа ќе можат да добијат здравствените услуги жителите од Пештани, Трпејца и Љубаништа, но и гостите кои престојуваат во овие туристички места. Сега пештанци добиваат матичен лекар кој има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија, а кој се наоѓа во нивното место на живеење. Особено е важно што е реализирано барање на граѓаните, бидејќи наша улога е да го слушаме гласот на народот и да правиме се што е во наша надлежност и да промовираме...

Continue reading

Со книга на плажа

Post Views: 4 Молитва за прошка од Јелена Бачиќ Алимпиќ најбарана книга во градската библиотека Григор Прличев. Читателите чекаат ред за да го позајмат и прочитаат овој роман. Го бараат охриѓани, но и гостите кои доаѓаат на подолг период во градов пред се тоа се туристи од Скопје кои остануваат и по неколку месеци во Охрид и кои секоја година се зачленуваат во библиотеката како би можеле и за време на својот одмор да читаат. Покрај овој роман многу барани се и останатите дела на авторката Бачиќ Алимпиќ, а голем интертес има и за хит насловот Девојката врана од Ерик Аксал Сунд, Вистината...

Continue reading

Охриѓани слабо проверуваат дали ги има во избирачкиот список

Post Views: 3 Во општина Охрид се евидентирани 215 граѓани кои се на списокот од ДИК за спорни записи. Од нив до денес заклучно со 13 часот во подрачната единица на ДИК се пријавиле само 13 и тоа 4 во подрачната единица , а 9 преку веб апликацијата достапна на интернет страницата на ДИК. Јас сакам да потенцирам дека рокот за пријавување трае до 19ти август и апелирам во име на ДИК граѓаните да ја проверат нашата веб страница и да видат дали се на списокот  и доколку се да се пријават до комисијата што е можно побрзо, вели Љубица Гугуческа, портпарол на ДИК. Оние граѓани кои не користат...

Continue reading

Семафори на улицата „Железничка“ ќе бидат ставени од наесен

Post Views: 7   Семафори на улицата „Железничка“ ќе бидат ставени од наесен. Иако од секторот за комунален развој, сообраќај и патишта најавија дека семафорите кои се наоѓаа на раскрсницата кај некогашниот Мини маркет веднаш после нивното отстранување, поради кружниот тек кој се направи таму, ќе бидат поставени на Железничка, семафори на оваа сообраќајница сеуште нема. Од секторот објаснуваат дека чекале од Одделот за јавни набавки да распишат тендер за поставување на семафорите. Постапката за распишување на тендер е веќе во тек  ќе се бара најповолен понудувач. Таа постапка треба...

Continue reading

Туристичка сезона за паметење, велат од ТЛЕР

Post Views: 0   Туристичка сезона за паметење. Од Локалната велат дека овие најави кои беа дадени пред почетокот на сезонава почнуваат да се остваруваат. Според податоците со кои располагаат, заклучно со месец мај, бројот на странски и домашни гости е во значителен пораст во споредба со минатите години. Во месец мај во градов престојувале 9.614 домашни гости, странски гости имало 18.456. Домашните гости оствариле 19.422 ноќевања, а странските 35.634. Овие бројки споредени со оние од месец мај минатата година покажуваат дека бројот на домашни гости се зголемил за 15%, а на странските...

Continue reading

СK Охрид организира меѓународен турнир во спортско стрелаштво

Post Views: 9 По повод престојните илинденски празници стрелачкиот клуб Охрид го организира меѓународниот турнир во спортско стрелаштво. Бидејќи во последно време малокалибарската програма е сосема укината и нема стрелци со пиштол поради немањето оружје, турнирот се сведе само на гаѓање со воздушна пушка. Тина Гоџо, долгогодишен тренер во стрелачкиот клуб „Охрид“ вели дека и покрај тешкотиите со кои се соочуваат љубителите на овој спорт тој продолжува да опстојува. Спортот е многу скап, а помош немаме од никаде . Но ме радува фактот што што имам триесетина млади деца кои ги тренирам ...

Continue reading

Вода и безалкохолни пијалоци пред влезот на маркетот Рамстор

Post Views: 1 И ова лето граѓаните реагираат дека во одредени маркети и продавници низ градов производите се чуваат на несоодветно место, најчесто пред самиот маркет изложени на надворешни влијанија, но и нагрдувајќи ја сликата на просторот околу маркетот. Посебно реагираат за  пијалоците кои се во ПЕТ амбалажа. Оние кои се јавија до нашата редакција кажуваат дека на  температура од над 30 степени, изложени на сонце и светлина  се чуваат цели палети со вода и безалкохолни пијалоци пред влезот на маркетот Рамстор во Охрид. Цели палети со стока се остава и чува надвор од објектот до...

Continue reading

тоалети

Општина Охрид доби два проекти во вредност од 150 000 евра

Post Views: 0   Општина Охрид доби грант од страна на Делегација на Европска унија на Македонија во рамките на третиот повик за предлог-проекти за ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Македонија.  Договорот за овој грант е во вкупен износ од 184.958,00 евра, а времетраење на проектот е 15 месеци. Еден од приоритетите на прекуграничната програма Грција-Македонија е подобрување на развојот на прекуграничната област, особено со промоција на претприемништвото како долгорочна гаранција за оддржлив економски развој. Главните проектни активности вклучуваат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top